Негата на лицето не е нова појава. Уште од минатото жените сакале да се негуваат и да се грижат за кожата на своето лице. Секако тогаш имале многу поинакви услови и помалку можности, но сепак биле свесни за важноста на негата. Додека некогаш им биле потребни само вода, сапун и крпа како основни средства за хигиена, денес постојат еден куп козметички препарати кои ветуваат подмладување, затегнување, блескав сјај, отстранување на црнки и акни од лицето. Плус тоа, во пораст е интересот за посета на козметичките салони кои нудат најразлични третмани за нега на лице.rnrn
rnrnКолку често одите на козметички третман за кожата на вашето лице? Еднаш месечно? Можеби кога конечно ќе најдете време и пари за да се третирате себеси. Нема сомнеж дека третманите за лицето се добри, ве релаксираат и ја чуваат вашата кожа.rnrnПостојат повеќе видови на третмани за лице, некои се покомплицирани додека други се многу релаксирачки. Од неодамна, се појави бран на интензивни вежби за лице чија намена е потиснување на знаците на стареење преку искривување на лицето. Во теорија, тие звучат ветувачки.rnrnКога оваа тема за екстремни масажи на лице беше дискутирана со една од најпочитуваните гуруа за негување на кожа, Паула Бегоун, сите слушале со огромна внимателност. Според претпоставките, штом толку брзо се проширил трендот, морало да постои некоја научна позадина за неговите блескави придобивки.rnrnСпоред Паула, овие екстремни техники на масирање/вежбање на лицето, всушност можат да предизвикаат кожата побрзо да старее и таа искажа цврсти ставови зошто сите тие треба да се избегнуваат.rn
„Мразам да зборувам за трендови, затоа што тоа ме полудува. Тие ви ги губат времето и парите. Но, ајде да зборуваме за трендот кој навистина ме полудува – масажа на лице. Во внатрешниот дермис, што ѝ дозволува движење на вашата кожа, се уништува еластинот поради оштетување од сонцето, но исто така и од намерно влечење. Вашите гради почнуваат да опаѓаат не поради тоа што некој ги трга надолу туку поради нивната тежина. Ушите се развлекуваат поради тешки обетки. Погледнете ги старите жени кои носат таков накит и ќе ви стане јасно“, објаснува таа.rnrn„Па, што всушност се случува кога тие техники ги применуваат на вашето лице? Кога ја движите вашата кожа истовремено со неа се испружуваат и еластичните влакна и тие влакна се како гумен ластик кој им дозволува да се придвижат назад. Што се случува кога ќе повлечете еластичен ластик? Се растегнува и веројатно ќе се скине. Токму тоа се случува со вашата кожа. Ја губи способноста да се раздвижува и почнува со слабеење“, додава таа.rnrn„Спротивно на популарното верување, деловите од вашето лице кои најмногу ги користите се оние кои најбрзо стареат. Не ви велам да не се смеете, но не го подлегнувајте вашето лице на секакви положби само за негово зацврстување. Покрај тоа, овој тренд не е ништо ново, постои книга од 1880-те години која зборува за тоа дека фацијалните вежби ниту тогаш не функционирале, а не функционираат ниту денес. Само го поттикнуваа стареењето – па не правете го тоа!“, изјавува гласно Паула.
rnНа вас останува дали ќе правите третмани на лице или ќе го послушате експертот за нега на кожа. Сепак на крајот, изборот е ваш.rn
Автор: Наталија Наумовска