КАФЕ ПАУЗА

Чисти четки за беспрекорна шминка: Како правилно да ги исчистите?

Да, сите обожаваме да се шминкаме и да изгледаме совршено, но колку што е важно да се грижиме за себеси, подеднакво важно е да се грижиме и за нашите алатки. Знаеме, знаеме, ќе изнајдете глупави изговори зошто не сте ги исчистиле четките за шминкање, но сетете се дека колку ви се почисти четките толку се помали шансите да имате проблеми со кожата. А верувајте дека нечистите четки можат да доведат до сериозни дерматолошки проблеми.rnrn0-cisti-cetki-za-besprekorna-sminka-kako-da-gi-iscistite-kafepauza.mkrn

Потребно:

rn

    rn011

  • Бебешки шампон
  • rn011

  • Нечисти четки
  • rn

rn

1. Поминете ги четките низ млака вода

rnЗапомнете дека е многу важно влакненцата да бидат насочени надолу, избегнувајќи го пределот каде рачката се спојува со главата. Ако навлезе вода во овој дел може да се разреди лепакот кој ги држи влакната од четката заедно.rn

2. Нанесете мала количина бебешки шампон на дланките

rnДоволно е количината да биде колку една паричка.rn

3. Вртете ги четките во шампонот

rnСѐ додека не почувствувате дека се чисти, т.е. сѐ додека не излегува повеќе нечистотија.rnrn1-cisti-cetki-za-besprekorna-sminka-kako-da-gi-iscistite-kafepauza.mkrn

4. Откако целата нечистотија е излезена, уште еднаш поминете ја четката низ млака вода

rnИсцедете го вишокот вода од четката така што ќе ја поминувате помеѓу палецот и страничната страна на показалецот. Ако водата е нечиста, повторете го процесот уште еднаш. Кога водата излегува чиста, тогаш знаете дека добро сте ги измиле и можете да преминете на следниот чекор.rn

5. Не заборавајте да ги чистите и останати алатки за шминкање, како виткачот за трепки

rnПовторно земете малку бебешки шампон и втријте го на виткачот, а потоа исплакнете го.rn

6. Поставете ги четките да се сушат

rnКрпче или тоалетна хартија е сосема во ред,но внимавајте влакненцата да не ја изгубат својата форма.rnrn2-cisti-cetki-za-besprekorna-sminka-kako-da-gi-iscistite-kafepauza.mkrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.