КАФЕ ПАУЗА

Четири комбинации со кожна облека за оваа есен

Четири комбинации со кожна облека за оваа есен

Од кратки здолништа и фустани, па сè до блузи и јакни, вештачката кожа преовладува во есен. Додека гледате како парчињата кожна облека се појавуваат по излозите на бутиците, еве неколку идеи за совршени комбинации со облека од вештачка кожа за секоја пригода.Четири комбинации со кожна облека за оваа есенrn

1. Излегување со пријатели

rnИако кожните хеланки се малку комплицирани за облекување, мора да признаеме дека им даваат супер изглед на нозете. Ова е опуштена комбинација, па одберете широка еднобојна блуза и кошула која ќе биде неколку броја поголема од вашиот точен број за да се чувствувате и изгледате опуштено. Облечете и балетанки за да се задржите до кежуал изглед, плетено капче за есенски шмек и едноставно сребрено ланче како аксесоар.Четири комбинации со кожна облека за оваа есенrn

2. Состанок

rnВеќе не зборуваме само за класични кожни јакни. Оваа есен тие се во различни бои и дезени и поженствени од кога и да било. Кога одите на состанок во есен женственото нека доаѓа повеќе до израз. Едноставен фустан, високи потпетици над глуждовите, свилени класични хулахопки, светкави обетки… и слободно заведувајте.Четири комбинации со кожна облека за оваа есенrn

3. Во училиште или на факултет

rnКежуал и тренди изглед. Одберете тесни фармерки, кожна блуза, ниски обувки, широко џемперче и подготвени сте за во школо. Како аксесоари употребете округли обетки или алки и часовник.Четири комбинации со кожна облека за оваа есенrn

4. За забава

rnНа забава се ослободувате од вашите грижи и проблеми, дојдени сте да се опуштите, а едноставен модел на кожен фустан целосно се вклопува во изгледот. „Зачинете“ го со впечатлив ремен и обувки во друга боја за да ја нарушат монотонијата.Четири комбинации со кожна облека за оваа есен
rnrn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.