Наместо да купувате чанти кои се во мода како што доаѓа секоја сезона, со набори, со циркони, мали или големи… зошто да не инвестирате во спектакуларна чанта која ќе ја сакате засекогаш? Прочитајте ги кратките совети како да купите класична чанта која е сè, само досадна не.rn.rn
Важна е големината на чантата
rnАко сте ниски, тогаш ќе се изгубите носејќи голема чанта и обратно, ако сте високи и со облини, малата чанта нема да заврши работа за вас. Затоа, изберете чанта која се согласува со вашата висина и облини.
rn
Внимавајте на обликот на чантата
rn
Обликот на чантата што ќе ја купите, треба да биде во согласност со вашиот изглед. Колку повеќе облини имате, толку поструктурирана треба да биде вашата чанта.

rnrn
Погледнете ги рабовите на чантата
rn
Ако сакате да имате чанта која ќе ја носите и сакате секогаш, тогаш треба да обрнете внимание на нејзините рабови. Тие треба да бидат цврсти, со рамни линии и никако да не бидат лабави.


rnrn
Погледнете ја внимателно внатрешноста на чантата
rn
Кога ќе најдете чанта која ви се допаѓа, отворете ја и погледнете внатре во неа. Дали правилно работи патентот, дали убаво се закопчуваат копчињата, дали конците се убаво притегнати? Ако видите дека нешто не е во ред, оставете ја чантата и барајте друга.

rnrn
Избегнувајте додатоци
rn
Тренди елементите на чантата може да изгледаат убаво, но дали ќе бидат во мода следната сезона? Затоа, размислувајте класично, но не досадно. Кога купувате чанта, секогаш одбирајте квалитетни кожни чанти, кои ќе може да ги носите секогаш и во секоја прилика. Дури и да одберете класична црна, кафена или црвена чанта, изгледот секогаш може да го комплетирате со тренди накит, чевли во боја, некој убав шал или марама во боја.


rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
