КАФЕ ПАУЗА

Цел живот погрешно ги ставате сијаличките на елката: Погледнете како да не се заплеткаат

Цел живот погрешно ги ставате сијаличките на елката: Погледнете како да не се заплеткаат

Новогодишната еуфорија започна, а многумина веќе почнаа да ги китат своите новогодишни елки и да ги украсуваат домовите. Но, проблемот со кој повеќето од нас се соочуваат е: Како да се постават сијаличките без да се заплеткаат?rnrnЦел живот погрешно ги ставате сијаличките на елката: Погледнете како да не се заплеткаатrnrnВеројатно како и другите, и вие ги замотувате околу елката. Но, тоа е погрешно. Декоратерите советуваат сијаличките да се ставаат по вертикала и сметаат дека тоа е најдобриот начин елката да свети насекаде, од горе до долу. Доколку го ја накитите елката на овој начин, сијаличките нема да се заплеткаат во неа, ниту ќе останат скриени во гранките.rnrnЗа да ги поставите сијаличките започнете од врвот на елката и тоа од онаа страна на која нема приклучувач за струја, а потоа спуштете ги до долу. Потоа, внимателно повлечете ги сијаличките кон десно и повторете ја постапката, но овој пат насочувајќи ги нагоре. Повторувајте го овој процес додека целото дрво не го прекриете со сијалички.rnrnЗа да бидете сигурни дека елката ќе свети во средината, поставете ги најсјајните украси кон внатре, бидејќи на тој начин светлината од сијаличките ќе се одбива од нив и ќе создава побогат светкав ефект.rnrnУште една предност на вертикалното поставување на сијаличките е што при процесот на собирање ќе ви биде многу полесно да ги раскитите од елката бидејќи нема да треба да кружите околу неа.rnrnНам ни звучи како добар трик, а ова е вистинскиот момент да се испроба.rnrnПогледнете ја и оваа математичка формула за совршено накитена елка.