Ако посакувате фризура која ќе одговара за повеќе пригоди, плус е лесна за правење и изгледа тотално неодоливо, тогаш оваа идеја е идеална за вас! Оваа фризура одговара за секоја прилика, без разлика дали ќе ја направите за излегување на прошета, за на плажа или пак за на работа. Сѐ зависи од тоа каква гардероба ќе изберете. Најважно е тоа што косата ќе ви биде тргната од лицето, а вие ќе изгледате уредно и убаво.rnrn
rnrn1. Најпрво, наместете го патецот на страна и одвојте еден подебел прамен. Најдобро е остатокот од косата да го соберете за да не ви смета додека работите на предниот дел. Сплетете плетенка од косата која ја одвоивте. Обидете се плетенката да се движи по линијата на лицето.rnrn
rnrn2. Кога со плетењето ќе стигнете до увото, треба да престанете. Значи, исплетете плетенка до половина прамен.rnrn
rnrn3. Истото направете го и со другата страна, па на крај спојте ги двете плетенки и врзете ги во опавче. Извлечете еден прамен за да го замотате околу ластикот.rnrn
rnrnРезултатот е одличен, а ние ви предлагаме оваа фризура да ја носите во бохо стил, бидејќи така делува навистина романтично.rnrn
rnrnЗа уште подобар ефект, додадете интересен детаљ како што се цветовите или некој друг украс за коса.rnrn
Брзо и едноставно: Направете неодолива фризура со плетенки!
