Што е тоа што ја издвојува дамата од другите жени? Нејзиното однесување, секако. Па, доколку ви е важен впечатокот кој го оставате кај другите луѓе, прочитајте ги следниве неколку правила на однесување кои ќе ви помогнат да станете културна, воспитана и префинета дама.rnrn
rnrn1. Дали сте знаеле дека жената секогаш прва ја подава раката кон мажот? Исто така постарата личност прво ја подава раката кон помладата, обратното се смета како знак за непочитување.rnrn2. Доколку шетате со некоја друга личност кога тој/таа ќе се поздрави со познајник истото треба да го направите и вие.rnrn3. Во ресторан, помладите личности стануваат од своето место кога ќе им пријде постара личност. Жената станува само доколку е млада, а ѝ пристапува личност која е постара по години или позиција. Од друга страна пак, доколку жената е млада, но се наоѓа на висока позиција, не треба да очекува сите први да ја поздрават. Исто така постои и општо правило кога ќе влезете во просторија со повеќе луѓе, први да се поздравите со сите, без разлика на полот или годините. И не заборавајте дека дамите никогаш не се потпрени со лактите на маса.rnrn4. Кога станува збор за разговори, вистинските дами никогаш не им влегуваат на другите во збор. Тие треба да почекаат нивниот соговорник да се искаже, а потоа да го изнесат својот став, притоа внимавајќи да не го навредат туѓиот став.rnrn5. Дамите секогаш одговараат на комплименти со „Благодарам“.rnrn6. Кога ќе направите грешка, извинете се. Тоа е одлика на секоја добро воспитана личност, без разлика дали станува збор за маж или жена.rnrn7. Никогаш не доцнете на состаноците и секогаш исполнувајте ги вашите обврски во дадениот рок. На овој начин не само што ќе бидете доживувани како одговорна личност, туку истовремено ќе им дадете до знаење на другите дека го цените вашето, но и нивното време.rnrn8. Смислата за хумор е секогаш добредојдена, но вистинската дама никогаш не исмева друга личност. Таа се шегува исклучиво на своја сметка.rnrn9. Кога станува збор за облеката, секогаш носете комбинации кои се соодветни за настанот кој го посетувате. Исто така, дискретната и ненападна шминка е одличен избор за дамите со префинет стил.rnrn10. Кога зевате, кашлате или кивате, не заборавајте да ја ставите вашата рака на уста. Исто така според бонтонот, не треба да велите „На здравје“ кога некој ќе кивне. На овој начин само се насочува вниманието кон оваа личност и тој/таа се чувствува непријатно.rnrn11. Секогаш поздравувајте ги вашите соседи. Љубезноста и насмевката без сомнение ќе ве расположи и вас и нив. Исто така секогаш персирајте им на постарите личности, со исклучок на оние кои ве замолиле да не го правите тоа.rnrn12. Задржете ги за вас сите тајни кои некогаш ви биле доверени. Дури и ако станува збор за бивш сопруг, поранешна пријателка или стара фирма.rnrn13. Никогаш не фрлајте ѓубре на улица. Зачувајте го отпадокот во вашата чанта сè додека не најдете канта за отпадоци.rnrn14. Кога комуницирате преку пораки, секогаш пишувајте со мали букви, бидејќи големите се сметаат за непристојни и делуваат како да зборувате со повишен тон.rnrn15. Најважно од сè, сите дами и џентлемени треба да ги почитуваат другите.
Бонтон за жени: 15 правила на однесување кои секоја дама треба да ги почитува
