КАФЕ ПАУЗА

Бјути трикови од моделите на Victoria’s Secret

Бјути трикови од моделите на Victoria’s Secret

Сексапилните манекенки кои работат за компанијата „Victoria’s secret“ имаат обврска непрекинато да го одржуваат својот изглед беспрекорно добар. Бидејќи ни тие немаат време секојдневно да ги посетуваат салоните за разубавување, прочитајте како ја одржуваат својата убавина, во рамките на нивниот дом.rnrn

Миранда Кер

rnАтрактивната бринета се колне во неверојатната моќ на маслиновото масло, па затоа таа редовно го нанесува на врвовите од косата и го остава да се впие во текот на ноќта. Оваа постапка ја спречува појавата на испукани врвови, а воедно маслото ја одржува косата здрава и сјајна.rnrnБјути трикови од моделите на Victoria’s Secretrnrn

Мариса Милер

rnЗанесната русокоса е позната по своите бујни кадрици, а нив таа ги одржува со многу евтин третман. Секои 10 дена, на косата нанесува регенератор во обилни количини, ги расчешлува врвовите, ја завиткува косата во пунџа и ја измива дури по 24 часа.rnrnБјути трикови од моделите на Victoria’s Secretrnrn

Каролина Куркова

rnКаролина тврди дека за беспрекорниот изглед на нејзиното лице е потребен само еден лимон. Сокот од ова цитрусно овошје таа го нанесува директно на лицето, за да ја врати бојата и сјајот на кожата. Лимонот содржи витамин Ц, кој честопати се користи во различните помади и серуми. Лимонската киселина е прилично силна, па доколку не ви годи на лицето, посоветувајте се со дерматолог.rnrnБјути трикови од моделите на Victoria’s Secretrnrn

Алесандра Амброзио

rnПрезгодната бразилска манекенка вели дека секојдневното консумирање кокосово млеко, ѝ помага на нејзината нежна кожа да изгледа свежо, блескаво и еластично. Се верува дека кокосовата течност со своите состојки, го продолжува младешкиот изглед и прави чуда за кожата, па затоа освен Алесандра, ова млеко го пијат и многу други славни ѕвезди.rnrnБјути трикови од моделите на Victoria’s Secret
rnrn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.