Сите сме свесни дека жените трошат најмногу пари на облека. Веројатно и вие имате премногу облека во плакарот и не знаете што да ѝ правите. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат максимално да ја искористите облеката што ја поседувате, што дефинитивно ќе му помогне и на вашиот паричник.rn
1. Мешајте ја облеката за различни пригоди
rnХеланките кои ги носите за вежбање можете да ги искористите и за прошетка со пријателките. Додадете рамни чевли и блуза со динамичен принт како риги и спремни сте. Друга интересна комбинација може да биде посвечено здолниште со чизми во панк стил (мартинки).
rn
2. Микс од принтови
rnВреме е малку повеќе да ризикувате. Одберете 2 храбри принта: еден со покрупни елементи и друг со поситни. Единствено правило овде е двата принта да бидат во истата група бои.
rn
3. Монохроматски бум
rnКога зборуваме за истата група бои тогаш добро е да се споменат монохроматските комбинации. Играјте си со нијансите. И за крај, развеселете ја монотонијата со чанта која целосно ќе го привлече вниманието.
4. Светки за подобро расположение
rnНа обичната комбинација додадете ѝ светки и веднаш ќе ја разубавите.
rn
5. Аксесоарот во центарот на внимание
rnДури и обичниот ѓердан може да ја скрши монотонијата на секојдневниот изглед.
rn
6. Нов изглед на старите парчиња
rnФармерките секогаш ги носите спуштени до крај? Пробајте да ги свиткате крајчињата. Веднаш изгледа подобро.
rn
7. Игра на текстури и шари
rnИграњето со текстурите и шарите може да биде интересно и да претставува предизвик. Комбинацијата од дебела плетка со скај и тантела изгледа навистина храбро.
rn
8. Винтиџ
rnНекогаш старите парчиња имаат потреба од обнова. Дајте им нов живот на брошовите и накитот кој не го користите.
rn
9. Променете ја должината
rnАко не сте задоволни од изгледот на здолништето или фустанот, тогаш веднаш одете кај кројач кој ќе го направи парчето по ваш вкус. Оваа мала промена ќе ви донесе големо задоволство.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

