Дали сте знаеле дека четката за заби има голем број алтернативни употреби кои можат да ви го олеснат секојдневието? Погледнете…rnrn
rn
За суво перење на косата
rnЧетката за заби помага при брзо и ефикасно суво перење на косата. Нанесете го средството на косата и потоа со четката тријте го темето на главата и веднаш ќе забележите колку време ќе заштедите.rn
За раздвојување на трепките
rnМаскарата понекогаш ги залепува трепките, па со помош на четката за забите можете многу едноставно да го решите овој проблем.rn
За ефикасен маникир
rnПостојат два начина на кои можете да ја користите четката за заби за маникир. Првиот начин е со нејзина помош да ја исчистите нечистотијата од ноктите и под нив пред да го нанесете лакот, а вториот начин е да ја отстраните вишокот кожа околу ноктите.rn
За пилинг на усните
rnСо помош на четката за заби вие можете да имате меки, сочни и нежни усни. Одберете мека четка за заби за да не ја оштетите меката кожа на усните и со кружни движења благо тријте ги.rn
За расчешлување на косата
rnДоколку косата лесно ви се мрси, тогаш исчешлајте ја со четка за заби со цел да ја исчистите нечистотијата и мрснотијата од прамените. Исто така, наместо чешел, четката за заби е одличен начин за тапирање на косата.rn
За чешлање на веѓите
rnДоколку вашите веѓи понекогаш знаат да бидат непослушни, вие можете да ги скротите со помош на четката за заби. Нежно поминете со неа преку веѓите и со тоа брзо и едноставно ќе ги израмните непослушните влакна.rn
За помош при депилација
rnМногу жени имаат проблеми со внатрешни влакна по депилацијата, па доколку сте и вие една од нив, нанесете малку пилинг на четката за заби и поминете со неа преку нив.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
