КАФЕ ПАУЗА

9 трикови за успешна борба против подочниците

Не постои ниту една жена што не ги мрази подочниците, особено ако ѝ се силно изразени. Па, ако и вам овие темни кругови околу очите ви се најголемиот кошмар, тогаш дајте им шанса на следниве совети.rnrnrn

1. Избегнувајте сол

rnВодата се насобира во оние делови од телото каде што има најмногу натриум, па ако јадете премногу солена храна, наутро ќе изгледате отечено, особено околу очите.rn

2. Заблажете ги симптомите на алергијата

rnСезоната на алергиите често предизвикува претерано солзење на очите и оток околу нив. За среќа, сите лекови против алергијата можат лесно да ви помогнат да се изборите со подочниците.rn

3. Користете ладни облоги

rnОтечените очи најдобро се смируваат со ладни облоги. Можете да користите кругови свежа краставица, смрзната лажица за лице или пак, ладна вреќичка чај.rn

4. Отстранувајте ја шминката

rnНикогаш немојте да заспивате со шминка на лицето! Покрај тоа што го уништувате својот тен, шминката може да предизвика и проблеми со очите како и отечени подочници.rn

5. Престанете да пушите

rnПушењето ја оштетува кожата така што ја суши и помага при предизвикувањето на брчки во областа околу очите.rn

6. Променете ја позицијата за спиење

rnСпиете на грб или пак, на стомак? Гравитацијата предизвикува насобирање течности под очите, па ако сакате да го намалите овој проблем, спијте на грб и подигнете ја главата со мала перница.rn

7. Користете крема за лице

rnНа лицето, особено на пределот околу очите, многу добро му годи некоја крема што содржи ретинол.rn

8. Избегнувајте да пиете вино

rnЕдна чаша вино е многу добра за вашето здравје, но ако претерате, тоа ќе ви предизвика дехидрација. Резултатот е воспалени очи и појава на подочници.rn

9. Користете коректор

rnАко ниту еден од овие совети не ви помага, тогаш најдобриот начин да ги скриете подочниците е ако нанесете коректор, за една нијанса посветол од бојата на вашата кожа. Исто така, нанесете го со тапкање наместо со триење, за најдобар ефект.rnrnКажете им збогум на темните кругови: Погледнете ги и овие 9 лесни трикови за отстранување на подочниците!