КАФЕ ПАУЗА

9 суптилни лаги што постојано си ги кажуваме себеси

9 суптилни лаги што постојано си ги кажуваме себеси

Written by

in

,

„Лагите во кои веруваме се претвораат во вистини со кои живееме.“ – Оливер Хасенкамп

rnНикој не сака лажговци. Лагите можат многу да повредат. Излажаните луѓе се чувствуваат предадено и навредено. Но, вистината е дека сите ние се лажеме себеси секој ден и тоа нѐ спречува да го живееме животот што го заслужуваме и не ни дозволува да го достигнеме успехот што го посакуваме. Прочитајте ги следниве 9 лаги што постојано си ги кажуваме за да разберете колку штетен може да биде ваквиот начин на размислување…rnrn9 суптилни лаги што постојано си ги кажуваме себесиrn

1. „Јас сум жртва на моето минато“

rnНе сте жртви на вашето минато, но жртви сте на вашата сегашност поради минатото. Секако дека вашите минати постапки имаат удел во тоа кои сте денес. Меѓутоа, непрекинатото анализирање на тоа што веќе се случило може да доведе до уште повеќе грешки. Вашето минато ќе ве прогонува доколку му дозволите.rnrnНе заборавајте: Живеењето во минатото ќе ве оттргне од сегашноста.rn

2. „Премногу сум стар/а за тоа“

rnНикогаш не сте премногу стари за ништо. Нелсон Мандела имал 76 години кога станал претседател. Леонардо Да Винчи на 51-годишна возраст ја насликал „Мона Лиза“. Постојат луѓе кои постигнуваат значајни успеси токму тогаш кога се чини дека немаат никакви шанси за успех. Доколку се сомневате во себе и мислите дека веќе е доцна за сѐ, ќе ја изгубите вашата самодоверба и способност да си го препознаете потенцијалот.rnrnНе заборавајте: Никогаш не сте премногу стари или премногу млади за да ја достигнете вашата цел.rn

3. „Парите не ме сакаат“

rnНе се осудувајте себеси на неуспех уште од самиот почеток. Точно е тоа дека парите не би требало да бидат вашата главна цел, но не би требало ни сосема да заборавите на нив. Вие заслужувате да си ги исполните сите ваши соништа.rnrnНе заборавајте: Започнете со помали чекори, но дозволете си да сонувате за нешто поголемо и подобро.rnrn9 суптилни лаги што постојано си ги кажуваме себесиrn

4. „Кога ќе го имам тоа и тоа, тогаш ќе станам среќен/на“

rnСреќата нема да ја почувствувате тогаш кога ќе ја достигнете вашата цел. Чувството на радост и задоволство ќе биде привремено и кратко.rnrnНе заборавајте: Обидете се да бидете среќни без да си давате непотребни ултиматуми.rn

5. „Ќе го направам тоа подоцна“

rnОва е можеби најпопуларната лага што си ја кажуваме себеси. Проблемот лежи во тоа што никогаш не знаеме точно колку време имаме. Можеби еден ден ќе се разбудиме и ќе сфатиме дека немаме повеќе време за нештата што отсекогаш сме сакале да ги направиме. Никој не знае што носи иднината.rnrnНе заборавајте: Доколку го чекате совршениот момент кога сѐ ќе биде безбедно и сигурно, тој можеби никогаш нема да дојде.rn

6. „Јас сум губитник, бидејќи потфрлив во сите мои обиди“

rnЗаборавете на вашите очекувања за тоа каков би требало да биде вашиот живот и фокусирајте на она што го имате во моментот. Само затоа што работите не одат онака како што сте замислувале, не значи дека не сте постигнале ништо. Никогаш не се откажувајте.rnrnНе заборавајте: Успехот се состои од низа мали секојдневни чекори. Вашите постапки и одлуки постепено ќе ве одведат до крајните цели.rnrn9 суптилни лаги што постојано си ги кажуваме себесиrn

7. „Никој не ме разбира“

rnОва мислење го имаат повеќето луѓе во светот, така што не сте сами. Престанете да мислите дека никој не ве разбира само затоа што другите не се согласуваат со вас.rnrnНе заборавајте: Во ред е да се биде различен. Понекогаш доколку сослушате некој човек со поразлично мислење од вашето, ќе можете подобро да се разберете себеси.rn

8. „Јас не сум како нив… Не можам да го направам тоа“

rnСите сме различни. Секој од нас има вештини од различна област, различни способности и карактери. Обично се споредуваме со луѓе кои имаат успешна кариера, но сосема го превидуваме фактот дека и тие веројатно почнале од нула и стигнале до врвот по потешкиот пат.rnrnНе заборавајте: Променете го вашиот начин на размислување во попозитивен. Ова нека биде вашето мото: „Ако тие можат да го направат тоа и јас можам“.rn

9. „Моите потиснати емоции ги блокираат моите способности“

rnТреба да знаете дека токму она што го мразите кај себе и се обидувате да го скриете од светот ве прави посебни и ви помага да се издвоите од останатите. Погледнете се себеси низ очите на некој кој ве сака и ќе видите кои сте навистина.rnrnНе заборавајте: Вашите проблеми не ве дефинираат.