Иако постојат шанси „вечниот ерген“ да се заљуби и да започне сериозна врска, како и момчето совршено за партнер да стане „лошо“, сепак постојат некои разлики помеѓу мажите кои можат и оние кои не можат да се смират покрај само една жена. Обично е лесно да препознаете во која група спаѓа, но сепак добро е да ги знаете и овие разлики пред да си дозволите да се заљубите.rnrn
rn
1. Дали е сигурен во себе?
rnМажите кои можат да се смират: Тие се сигурни во себе. Се чувствуваат позитивно во врска со нив и знаат дека можат да понудат многу. Не се однесуваат лошо и најчесто се чувствуваат удобно во своја кожа.rnrnМажите кои не можат да се смират: Имаат лошо однесување и сметаат дека секогаш се во право. Можат да бидат и многу несигурни и огорчени.rn
2. Дали ги цени жените?
rnМажите кои можат да се смират: Тие повеќе не им се гневни на бившите девојки од средно. Тие ги гледаат жените како еднакви на нив и ја ценат нивната врска. Исто така не ги гледаат како одговорност или личност која треба да им ги извршува обврските.rnrnМажите кои не можат да се смират: Овие мажи најчесто ги гледаат жените како имот или проблем. Тие имаат негативно мислење за нив, а нивните врски често се ужасни.rn
3. Има ли натпреварувачки дух?
rnМажите кои можат да се смират: Тие не се опседнати со натпревар против другите. Сакаат да напредуваат во животот, но ретко се споредуваат со другите. Овие мажи се натпреваруваат само со себе.rnrnМажите кои не можат да се смират: Овие мажи се натпреваруваат со сите останати и сакаат да бидат најдобри во сè. Го сакаат она што го имаат другите, и ја оценуваат вредноста на нивниот живот според последното нешто што го мерат.rn
4. Како се справува со проблемите од минатото?
rnМажите кои можат да се смират: Можеби им било скршено срцето, но не дозволуваат тоа да ги кочи. Тие едноставно продолжуваат понатаму. Ги надминуваат сите проблеми од минатото.rnrnМажите кои не можат да се смират: Нив им тежат нивните проблеми. Секогаш бараат надеж и дозволуваат минатото да ги држи заробени.rn
5. Дали е отворен за љубов?
rnМажите кои можат да се смират: Тие сакаат да љубат и да бидат љубени. Не им е страв од тоа. Веруваат во својата способност да даваат и да добиваат.rnrnМажите кои не можат да се смират: Исплашени се од љубовта. Не сакаат да даваат премногу, но тоа не значи дека нема да бараат.rn
6. Дали има проблем со зависност од некого?
rnМажите кои можат да се смират: Овие мажи не сакаат некој да зависи од нив. Сепак тие ќе го ценат добриот партнер и подготвени се да го чекаат. Кога ќе се смират, тие ќе се грижат и за себе и за партнерот.rnrnМажите кои не можат да се смират: Тие сакаат да зависат од некого или па некој да зависи од нив. А може и да бараат повеќе простор. Не сакаат премногу да се зближат со некого. Нивната приврзаност или не постои, или е многу голема.rn
7. Може ли да ги надмине своите проблеми?
rnМажите кои можат да се смират: Овие мажи ќе ги надминуваат своите проблеми, но ќе ви помогнат и вам да го сторите истото. Не се откажуваат кога работите ќе тргнат на лошо. Исто така нема веднаш да ве остават ако помеѓу вас се појави проблем.rnrnМажите кои не можат да се смират: Овие луѓе немаат никаква поврзаност со другите, најчесто бидејќи не сакаат. Кога ќе се појави проблем, тие или го избегнуваат или стануваат многу гневни.rn
8. Дали има планови за иднината?
rnМажите кои можат да се смират: Ова се мажи кои можат лесно да си ја испланираат иднината. Не им е проблем ако се соочат и со неочекувани настани, но добри се и во планирање.rnrnМажите кои не можат да се смират: Тие никогаш не знаат кон што одат. Нивната енергија е расфрлана на сите страни. Дури и кога изгледаат фокусирани на нешто, обично не се.rn
9. Што има да понуди?
rnМажите кои можат да се смират: Тие се свесни дека можат да понудат многу, но ова не ги прави неучтиви, туку им дава самодоверба. Се чувствуваат добро за она што го даваат.rnrnМажите кои не можат да се смират: Овие мажи или имаат превисоко мислење за себе, или се гледаат во негативно светло. Може да бидат навистина несигурни. Не знаат што можат да понудат, а понекогаш се и премногу себични за да се грижат за тоа.rnrnДознајте и кои се најголемите митови за романтичните врски.