Да се има сестра е вистински благослов. Ја знаете откако знаете за себе, била тука и во добро и во лошо, сте се карале и сте се бранеле. Но, во животот доаѓаат моменти кога мора да се одвоите од блиските, сакале или не. Овие работи ќе ги разберат само сестрите кои макар на кратко живееле одвоени една од друга.
rn
1. Ужасната потреба да разговарате со неа во ниедно време
rnПоради различните временски зони, или поради обврските кои и двете ги имате, принудени сте да ѝ се јавувате доцна во ноќта или пак да ги тајмирате телефонските повици. Така знаете дека може да ја побарате само во 3 попладне или во 3 по полноќ. Се чувствувате како некој да ја диктира вашата комуникација и тоа ви е чудно. Како воопшто некој смее да ви каже кога ќе разговарате со сестра ви и зошто едноставно не е секогаш достапна за разговор како некогаш?rn
2. Мора да ги известувате родителите за нејзината состојба
rnДоколку се случи таа да е надвор од родното место, а вие да останете дома, тогаш ја имате тешката задача да им пренесувате сè на вашите родители. Кога последен пат сте се слушнале, дали ви кажала нешто што не им кажала нив, дали редовно јаде и што ли уште не.rn
3. Секогаш кога ќе се видите сфаќате колку и двете сте променети
rnЕдно е да ја гледате секој ден, а сосема друго е да ја гледате поретко. Така секогаш кога ќе се видите имате толку нешта да си кажете и пред да се свестите сфаќате дека и двете се менувате и растете. Ако лани зборувавте за оценките на училиште, годинава зборувате за работа и за сериозни животни прашања.rn
4. Вашата комуникација неретко е попречена од бавниот интернет
rnНе можете муабет да си направите бидејќи интернетот ви е спор. Тоа не е фер и не би требало да се соочувате со такви проблеми во ерата на модерната технологија.rn
5. Социјалните мрежи ви помагаат да откриете што има ново во нејзиниот живот
rnЕве уште една работа која не е фер. Зарем мора да ја следите по социјалните мрежи за да дознаете повеќе за неа, што прави, каде е и што има ново?rn
6. Чудното чувство дека вашата сестра не е тука
rnОва особено доаѓа до израз кога ги посетувате роднините или кога дома организирате семеен ручек по некој повод. Одеднаш сфаќате дека вашата сестра не е покрај вас. Никогаш немавте помислено дека олку ќе ви недостига, нели?rn
7. Радоста кога непланирано и двете ќе се најдете онлајн
rnЗарем и таа е на Скајп во 4 наутро? Неочекуваните нешта се секогаш најубави.rn
8. Секогаш ви е тешко да се навикнете на промените кај неа
rnПочнува да употребува нови изрази, да говори на друг дијалект или меша зборови, и чекај… дали ја скратила косата без да се консултира прво со вас?rn
9. Пишување цели есеи по пораки за да ѝ кажете сè што сакате
rnСеднавте да ѝ напишете краток мејл за да ја информирате што има ново, но одеднаш сфаќате дека сте испишале цел есеј бидејќи има толку многу нешта кои сакате да ги споделите со неа.rn
10. Постојано се грижите за неа
rnДали ѝ е добро, дали се соочува со проблеми кои не ги споделува со вас, дали создава нови пријателства? Овие прашања константно ви се вртат во глава, па некогаш кога ќе ѝ се јавите и три пати ќе ја прашате дали е сè во ред се чувствувате како да сте ѝ мајка а не сестра.rn
11. Љубоморни сте ѝ на нејзината цимерка
rnВо ред, можеби сестра ви ве вади од такт со нејзината несреденост, но само вас смее да ве вади од такт! Која е таа нова девојка со која дели стан/соба и која одеднаш ѝ е најдобра другарка?rn
12. Кога ќе сфатите дека зела дел од вашата облека без да ве праша…
rnПоследно кога се пакувала заборавила да ви спомне дека ви ја зела јакната. Сега сте бесни па тоа малку го ублажува фактот што вашата сестра ужасно многу ви недостига.

