Готвењето станува многу полесно и позабавно кога правите брзи, лесни и вкусни јадења, а нема ништо полесно од рецепти од само 3 состојки. Благо или солено, ваш е изборот, еве 9 рецепти од само 3 состојки кои ќе ве нахранат, заситат и заблажат.rn
1. Палачинки од банана
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 1 банана
- 2 јајца
- Малку цимет
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnИзмешајте една банана со две јајца, наместо вообичаената смеса за палачинки и наросете со малку цимет. Овие палачинки се брзи, вкусни и најважно од сѐ, тие се необични и поинакви.rn
2. Торта со Орео колачиња
Потребни состојки:
rn
- rn011
- Орео колачиња
- Шлаг
- Млеко
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnИзматете цврст шлаг и врз него редете Орео колачиња натопени во млеко во слоеви. Завршете со слој колачиња ненатопени во млеко. Откако сè ќе наредите, ставете го садот во фрижидер. По неколку часа во фрижидер, смесата ќе се стврдне. Исечете ја тортата на коцки и сервирајте.rn
3. Брауни колачиња од Нутела
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 2 јајца
- 300 г Нутела
- 60 г брашно
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnВо тава, измешајте ги сите состојки заедно и печете ги околу 15 минути.rn
4. Колачиња од путер и брашно
Потребни состојки:
rn
- rn011
- Шеќер во прав
- Солен путер
- 250 г брашно
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnПутерот, шеќерот во прав и брашното измешајте ги така што да добиете мека смеса за колачиња. Печете го тестото околу 25 минути и потоа исечете го на ленти.rn
5. Колачи од путер од кикиритки
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 1 јајце
- 200 г шеќер
- 180 г путер од кикиритки
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnОткако ќе ги измешате сите состојки, од смесата направете топчиња, кои потоа ќе ги сплескате. Употребете виљушка за да ги израмните и за да создадете некоја интересна шара на нив. Потоа печете ги околу 12 минути.rn
6. Пудинг од лимон
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 4 лимони
- 400 г шеќер
- 700 мл шлаг
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnИзрендајте ја кората од лимоните и сварете ја. Потоа, додадете го шеќерот за да направите сируп. Додадете го и шлагот и оставете ја смесата да зоврие. На крај, додадете го сокот од лимон и ставете ја смесата во чаши откако ќе се излади. Ставете ги чашите во фрижидер и оставете ги преку ноќ.rn
7. Полнети компири
Потребни состојки:
rn
- rn011
- Компири
- Крем сирење
- Сланина
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnОткако ќе ги испечете компирите, додадете смеса од сирење и сланина и печете повторно.rn
8. Чоколадна торта без брашно
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 6 јајца
- 320 г чоколадни трошки
- 6 лажици путер
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnИзмешајте ги сите состојки заедно така што ќе се создаде изедначена смеса која потоа ќе ја печете 40-тина минути.rn
9. Колачиња со путер од кикиритки
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 80 г чоколадни трошки
- 50 г путер од кикиритки
- прстофат сол
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnОткако ќе ги стопите чоколадните трошки, во калап за колачи турете слој чоколадо, потоа путер од кикиритки и повторно чоколадо. Наросете со сол одозгора и оставете ги во замрзнувач околу 30 минути.

