Денес ќе ви докажеме дека сите можат да носат баш сè и дека е во прашање само начинот на кој ќе ја изнесете одредената комбинација. Споделуваме со вас 9 фантастични трендови, идеални за пролет, кои може да ги понесат ситните, крупните, високите и ниските жени.rnrn
rn
1. Здолништа со средна должина
rnБез разлика дали носите голи рамена, затворено деколте, принт или фалти, со соодветни високи потпетици во ова здолниште ќе изгледате потполно неодоливо.rnrn
rn
2. Хоризонтални линии
rnХоризонталните линии нема да ве „прошират“ доколку се во пастелни бои, а најважен е кројот на фустанот. Доколку сте покрупни, долниот дел нека биде поширок, а доколку сте послаби – благо тесен. Исто така, блузите со овој принт се идеални за лежерни комбинации.rnrn
rn
3. Вертикални линии
rnВертикалните линии може да ја стеснат фигурата, па можете да ги носите на фустанот или блузата. Без разлика дали ќе се одлучите за патики, рамни сандали или пак високи потпетици, овој принт е секогаш интересен и во тренд.rnrn
rn
4. Здолништа или фустани на преклоп
rnЗдолништата на преклоп може да ѝ ласкаат на секоја градба на тело доколку се со должина под колената. Ако сте витки, за горниот дел можете да изберете широка блуза или дуксер, а доколку не сте, држете се до потесните кроеви кои нема дополнително да ве „прошират“.rnrn
rn
5. Широки пантолони до колена
rnКројот на пантолоните кои одат до под колената стојат убаво и на витките и на полните жени. Повторно, доколку сте покрупни, немојте да одбирате горен дел кој е премногу широк, а доколку сте витки, облечете блуза или кошула која нема да е залепена за вашето тело.rnrn
rn
6. Голи рамена
rnГолите рамена се многу популарни за оваа сезона. На полните жени фантастично ќе им прилегаат на пролетните фустани, но не и на витките. Доколку вашата градба ви дозволува тесни фармерки, блузата со голи рамена би била одличен избор.rnrn
rn
7. Бомбер јакна
rnФармерки, патики или високи потпетици во комбинација со ултра популарната бомбер јакна, ќе изгледа идеално на секоја градба и висина. Ногавиците задолжително подвиткајте ги, за целата комбинација да изгледа лежерно и кул.rnrn
rn
8. Комбинезон
rnДоколку сте полнички, изберете опуштени модели кои убаво паѓаат и кои нема дополнително да ве „шират“. Доколку сте поситни, комбинезон како спој на блуза без ракави и широки пантолони со нагласен струк се одличен избор. Кога ќе посакате да сокриете одреден дел од телото, комбинезон и долг, лежерен елек без ракави ќе го решат проблемот.rnrn
rn
9. Карнери
rnЛежерните фустани како оние со карнери не можат ниту да ве „прошират“ ниту да ве „проголтаат“. Ќе изгледате доста убаво во нив, а вие ќе се чувствувате пријатно.rnrn
rnrnИзберете ги оние нешта од овие пролетни трендови кои најдобро се вклопуваат во вашиот стил. Важно е да знаете дека најверојатно одлично ќе ви прилега.