Напнатоста и стресот кои од работата ги носите дома, можат да имаат големо влијание на квалитетот на вашиот љубовен живот. Но многу мажи и жени, амбициозни за желба и успех, неретко се прашуваат дали нивната љубовна врска влијае на нивниот напредок во кариерата.rnrn
rnrnЕдно петгодишно истражување го открило одговорот на ова прашање. Ова психолошко и социјално истражување покажало дека одбирањето на партнерот влијае на нашето однесување кон нашата работа. Имено, доколку покрај себе имате совесен партнер кој уредно ја завршува неговата работа и покажува амбиција за успех, вие ќе бидете мотивирани од неговото однесување и ќе вложите максимален напор да ја завршите вашата работа најдобро што можете. Истото истражување покажало дека овие парови имаат многу повеќе простор за напредок во кариерата, бидејќи постојано си даваат поддршка едни со други.rnrnВо текот на истражувањето, психолозите го следеле професионалниот напредок на над 4.500 брачни парови. Психолозите обрнале внимание и на тоа како паровите го минуваат слободното време, како ги делат домашните обврски и колку се задоволни од нивниот брак.rnrnРезултатите покажале дека луѓето кои покрај себе имале совесен и организиран партнер, напредувале неспоредливо повеќе за разлика од луѓето кои биле со партнер незаинтересиран за успех. Совесните партнери се како засолниште, па браковите на овие испитаници биле многу посреќни од помалку амбициозните парови.rnrnРезултатите од ова истражување важат подеднакво и за двата пола, па не е важно кој е амбициозниот во врската. Она што е важно е на правилен начин да го мотивира својот партнер.rnrnЗнаевте ли дека платата сепак може да има големо влијание врз вашата врска?
Дали љубовната врска има влијание врз вашиот професионален напредок?
