Сигурно имате слушнато за „чиста“ исхрана, но што е со „чистото“ живеење? Кога ќе земете предвид колку време поминувате во домот, нормално е на вашиот простор да му дадете љубов и внимание. Ако постојаното темелно чистење на домот не ви е омилена активност, постојат поедноставни начини со кои ќе ја намалите изложеноста на токсини и ќе го направите вашиот дом малку поздраво место за живеење.
rn
1. Инвестирајте во зеленило
rnНе само што растенијата ќе го подобрат изгледот на вашиот дом, туку тие се природни прочистувачи на воздухот. Некои видови се дури и добри за вашето здравје. Еукалиптусот, на пример, е познат по тоа што ги ублажува симптомите на респираторните нарушувања, го одржува здравјето на кожата и го намалува ризикот од бактериски инфекции.rn
2. Соблечете ги чевлите
rnВашите чевли се како магнет за нечистотија, бактерии и сè што се наоѓа надвор. Држете ги овие нечистотии надвор од домот со тоа што ќе ги соблекувате чевлите пред врата. Подобро е да инвестирате во домашни влечки наместо да носите чевли по дома.rn
3. Отворете ги прозорците
rnВоздухот во затворените простории може да биде и до 5 пати позагаден од надворешниот, дури и во најзагадените градови. Отворањето на прозорците на неколку минути секој ден ќе ви помогне да го прочистите застојаниот воздух.rn
4. Користете помалку пластика
rnПластиката е резултат на разни хемиски формули. Овие хемикалии навлегуваат во нивното опкружување – воздух, вода, прашина, дланки, храна… За некои од овие хемикалии постои сомнеж дека ја нарушуваат хормоналната рамнотежа, а ова може да резултира со здравствени проблеми. Најдобро е да користите садови направени од стакло или од метал секогаш кога можете.rn
5. Набавете подобра правосмукалка
rnHEPA (High-efficiency particulate air) правосмукалките со филтер можат да ги заробат и најмалите честички и да ви помогнат да се ослободите од алергените.rn
6. Проветрете ја облеката од хемиско чистење
rnХемикалиите коишто се користат на хемиското чистење можат да останат на влакната на облеката. Поради ова веднаш штом ќе ја земете облеката од хемиско, поставете ја во друга просторија или надвор за да се проветри.rn
7. Направете ваше средство за чистење
rnСигурно сте свесни дека средствата за чистење се полни со токсини. Но, природните средства можат да бидат навистина скапи. Благодарение на Интернетот, денес можете да најдете безброј рецепти за домашни средства за чистење кои ќе ве чинат многу малку.rn
8. Набавете микрофибер крпи
rnОвие крпи ја собираат нечистотијата и ја задржуваат на нив. Ова значи дека нема потреба многу често да користите хемиско средство за чистење. Набавете по една крпа за секоја просторија.rn
9. Живејте природно
rnОд ослободување од молци, до подобрување на мирисот во вашиот дом, не мора секогаш да се потпирате на хемиски средства. Истражете и ќе се изненадите кога ќе откриете дека има многу природни алтернативи за овие средства.
Погледнете и кои се непотребните предмети во вашиот дом што треба веднаш да ги исфрлите.

