„Животот е како возење велосипед. За да одржите рамнотежа, мора да продолжите да се движите.“ – Алберт Ајнштајн
rnЖивотот не е секогаш толку прекрасен. Можеби ви звучи сурово, но мора да прифатите дека понекогаш работите нема да се одвиваат онака како што посакувате. Колку повеќе тагувате поради вашите неуспеси толку поголеми се шансите дека ќе го изгубите вашиот пат, ќе ѝ се предадете на депресијата и ќе потонете во негативните мисли. Клучот за среќата и мирот е во ваши раце и само вие можете да си го подобрите животот. Прочитајте ги следниве 23 сурови вистини за постоењето кои треба да ги прифатите што е можно побрзо…rnrn
rn
1. Среќата е избор што само вие можете да го направите
rnИли ќе одберете да бидете среќни или нема да го направите тој избор. Сѐ зависи од вашата перцепција за животот. Понекогаш не ви требаат милион евра за да бидете среќни. Понекогаш доволно е да се напиете шолја убаво кафе за да се чувствувате подобро.rn
2. Сите умираме
rnСтареете и вашето време истекува. Еден ден ќе ве снема. Без разлика колку трошите и давате од себе, сѐ ќе биде готово еден ден.rn
3. Никогаш нема да бидете совршени
rnСовршенството е мит. Ние не ни знаеме како изгледа нешто што е совршено. Па, која е смислата на тоа да трагате по нешто што никој никогаш го нема видено во својот живот?rn
4. Сите околу вас ќе умрат еден ден
rnЛуѓето што ги сакаме умреле и ќе умираат, бидејќи таков е законот на природата. Прифатете го фактот дека тие мора да заминат.rn
5. Ништо не е вечно
rnПромената е единствената константа во светот. Без разлика дали станува збор за врски, материјални работи, моменти или вашиот социјален статус. Сето тоа ќе заврши еден ден.rn
6. Колку повеќе ја бркате среќата толку повеќе ја губите
rnСреќата се крие во прифаќањето. Прифатете ја сегашноста таква каква што е. Колку повеќе се обидувате да бидете среќни, толку помали се шансите да бидете среќни.rn
7. Среќата не се купува со пари. Престанете да трагате по материјални богатства
rnБогатството може да ви даде луксуз, но не може да ви купи среќа. Може да бидете најбогатите луѓе на светот, а длабоко во себе да се чувствувате многу тажно.rn
8. Не можете да им угодите на сите
rnНе можете да ги натерате другите да ве сакаат. Секогаш ќе постои барем една личност која ќе ве мрази и не можете да го контролирате тоа. Престанете да живеете за луѓето околу вас. Ако не им се допаѓате, не се обидувајте да го промените тоа.rnrn
rn
9. Вашата врска не е клучот за вашата среќа
rnМожеби ви е тешко да живеете сами, но сериозната љубовна врска не е неопходност во животот. Врските се само еден дел од нашата среќа. Наместо очајно да трагате по тоа, фокусирајте се на себе.rn
10. Прифатете ги вашите недостатоци
rnСите ние имаме маани и вие мора да ги прифатите вашите, наместо да ги игнорирате или криете. Не можете да бидете беспрекорни. Ако се обидувате да ги поправите, само ќе си го нарушите менталниот мир.rn
11. Поминувајте време сами
rnИстражувајте се, дајте си повеќе време. Во моментот кога ќе дознаете што сака вашата душа, ќе пронајдете внатрешен мир.rn
12. Престанете да реагирате на работите
rnЌе има многу ситуации во кои ќе бидете повредени. Не можете да ги контролирате другите, но можете да се контролирате себеси. Реакцијата само ќе ја зголеми тагата. Најдобро е да останете позитивни.rn
13. Живејте во сегашноста
rnНашата иднина е непредвидлива. Не знаеме што ќе се случи и иднината не е целосно во ваши раце. Доколку постојано живеете во минатото или се обидувате да ја контролирате иднината, вие ќе ги пропуштите сите радости што ги носи сегашноста. Размислувајте за сегашноста и живејте во неа.rn
14. Преземете одговорност
rnСамо вие можете да се контролирате себеси. Преземете одговорност за своите постапки и животот ќе ви биде многу помирен.rn
15. Истражувајте ги вашите таленти
rnНекои луѓе немале толку среќа за да се родат талентирани. Па, доколку имате некаков талент, истражувајте го, негувајте го и искористете го. Не трошете го залудно.rn
16. Луѓето не се интересираат за вашиот живот
rnДа, добро прочитавте! Луѓето можеби сочувствуваат со вас, но и тие си имаат своите проблеми што треба да ги решат. Никому не му е грижа колку ви е тежок животот. Бесмислено е да се обидувате да ги уверите дека вашиот живот е потежок од нивниот.rnrn
rn
17. Пренесувајте го вашето знаење
rnНашето знаење се проширува преку споделувањето. Тоа е најубавиот подарок што можете да го дадете некому. Ако го пренесувате вашето знаење, не само што ќе им помогнете на другите туку и ќе си помогнете себеси да созреете.rn
18. Секогаш бидете благодарни
rnНаместо да се жалите, бидете благодарни и на тој начин ќе ја извлечете позитивната страна од сето она што се случува околу вас.rn
19. Ценете го времето, а не парите
rnПарите доаѓаат и си одат, а време секогаш имате. Не можете да го вратите назад изгубеното време, но можете да заработите пари откако ќе банкротирате.rn
20. Престанете да сонувате и фокусирајте се на работата
rnСекако дека имаме потреба од сонување. Но, трошете премногу време на сонување и не правење ништо. Сакате да станете некој и нешто? Тогаш сторете го тоа! Работете на тоа.жrn
21. Престанете да ги обвинувате другите
rnНекој можеби направил нешто што не треба, но ако го обвините, само ќе ги покажете вашите слабости. Дали треба да си го трошите времето мислејќи на луѓето што ве повредиле? Наместо тоа, најдете начин да станете уште посилни.rn
22. Престанете да поминувате толку време на социјалните мрежи
rnСоцијалните мрежи создаваат зависност, но немојте да го трошите сето ваше време на нив. Излезете од дома и живејте. Почувствувајте го светот со сите ваши сетила!rn
23. Преземајте ризици
rnКако ќе го разберете животот ако не преземате ризици? Ризикувајте, бидејќи нема што да изгубите!rnrnЗа да можете да постигнете личен развој, покрај овие, треба да ги знаете и следниве 10 сурови вистини за животот.