Речиси сите момци се сложуваат дека не е лесна работа да ја усреќите вашата девојка. Но, не се сите девојки исти. На повеќето срцето им се топи побрзо од сладолед, а сè што треба да направите е да вложите малку труд. Па, погледнете како да ја усреќите вашата девојка.rnrn
rn
1. Однесете ја некаде и само бидете со неа
rnДевојките секогаш сакаат да поминуваат време со саканиот. Без разлика колку ѝ е лошо, кога вие сте со неа нема да ѝ треба ништо друго. Исто така, искористете ја секоја можност да ја обожувате.rn
2. Разбудете го детето во вас
rnШтом ќе забележите дека не е расположена, предложете ѝ да играте некоја игра. Се разбира уште веднаш ќе бидете одбиени, но не се откажувајте. За кратко нејзиното расположение драстично ќе се промени.rn
3. Изненадувања
rnМожеби мислите дека девојките сакаат само скапи подароци, но вистината е поразлична. Доволен е еден цвет кој ќе ѝ покаже дека сте помислиле на неа. Не заборавајте да напишете и некоја романтична порака.rn
4. Природа
rnАко во близина има некое место, однесете ја и покажете ѝ ја убавината на природата. Не заборавајте да ја потсетите колку многу ви значи.rn
5. Шопинг и девојки
rnРечиси и да не постои девојка која не ужива во шопинг. Прашајте ја кога било, дури и во најлошото расположение, и таа секогаш ќе се согласи.rn
6. Борба со перници
rnУште еднаш разбудете го детето во вас и започнете борба со перници.rn
7. Готвење
rnЗа да ја изненадите, одете во кујната и подгответе ѝ го омиленото јадење. Не грижете се за вкусот, самиот труд многу ќе ја усреќи. Правете го ова што почесто.rn
8. Прегрнете ја и бакнете ја
rnСекој допир може навистина да си поигра со емоциите на луѓето. Прегратката или бакнежот сигурно уште веднаш ќе ѝ го подобрат расположението.rnrnПогледнете и кои се основните работи во врската кои секој маж треба да ги знае.
