КАФЕ ПАУЗА

8 начини на кои самоуверените луѓе живеат поразлично од другите

Written by

in

,

Постојат луѓе кои имаат моќ да го привлечат вниманието на другите луѓе, секогаш кога ќе се појават некаде. Но, тие не се родени со некој самоуверен ген, туку напротив, нивните дневни навики и однесувања придонесуваат за нивниот самоуверен карактер.rnrnrnrnТоа се добри вести, бидејќи тоа значи секој може да ги присвои ваквите навики и да започне редовно да ги практикува. Следуваат неколку начини на кои самоуверените луѓе живеат поразлично од другите.rn

1. Тие се попродуктивни

rnИстражувањата покажуваат дека самоуверените луѓе се попродуктивни, бидејќи нивните позитивни мисли ги мотивираат да започнат со акција. Не е никакво чудо што скоро сите успешни луѓе во бизнис браншата се едни од најсамоуверените луѓе на светот.rn

2. Нивниот говор на телото влијае и ја подигнува нивната самодоверба

rnПознато е дека начинот на кој една личност се држи, влијае врз тоа како таа се чувствува. Исправената положба и подигнатата глава често прават да се почувствуваме моќно, а самоуверените луѓе знаат како да ги искористат ваквите мали гестови.rn

3. Не веруваат постојано во себе

rnСите луѓе имаат маани, па дури и самоуверените. Разликата е во тоа што оваа категорија луѓе знае да ги препознае несигурностите и да продолжи со животот и покрај нивното постоење. Истражувањата покажуваат дека прифаќањето на мааните и несигурностите е поверојатно да нѐ направи среќни, отколку обидувањата да ги надминеме. Самоуверените луѓе не се суперлуѓе – тие целосно ги прифаќаат своите несовршености и храбро продолжуваат понатаму.rn

4. Активно се стремат кон успех

rnКога станува збор за успехот, „не“ не постои во речникот на самоуверените луѓе. Самодовербата е клучна во градењето на кариерата. Колку повеќе една личност може да се замисли себеси како ја постигнува својата цел, толку поверојатно е да успее да ја оствари.rn

5. Ја канализираат својата внатрешна славна личност

rnЕден експеримент покажал дека кога луѓето ги запишуваат квалитетите кои им се заеднички со нивните омилени славни личности од истиот пол, тие се чувствуваат многу поспособни да се претстават во најдобро светло.rn

6. Цврсто стојат зад своите ставови

rnСамоуверените луѓе веруваат во своите мислења и одлуки, но не без да им обрнат внимание и на другите. Тие ја слушаат секоја страна во расправата, но на крајот, се држат до она што сметаат дека е најдобро. Другите луѓе понекогаш се колебаат со своите одлуки, бидејќи сакаат да внимаваат. Самоуверените луѓе не дозволуваат нивната различна перспектива да ги тргне од патот кон целта.rn

7. Не се плашат од пораз

rnСамодовербата не се состои во тоа секогаш да сте во право, туку во продолжувањето понатаму и покрај фактот дека грешите. Понекогаш, тоа се исплати не само во самодовербата, туку и во интелигенцијата, бидејќи луѓето кои се посигурни во себе се исто така и поинтелигентни.rn

8. Не се плашат да бидат самоуверени

rnСамоуверените индивидуи не се срамат да ги покажат своите квалитети, независно дали се чувствуваат комотно правејќи го тоа, или пак претеруваат со своите приказни. На крајот, како што оди текстот од една песна, „Што има толку лошо во тоа да бидеш самоуверен?“rnrnОдговорот: Апсолутно ништо.