Девојките понекогаш самите си ја саботираат својата потрага по љубов. Иако запознаваат нови момчиња кои им се привлечни, тие понекогаш прават некоја од овие грешки и ги плашат или одбиваат своите потенцијални долгогодишни партнери.
rn
1. Не им давате простор
rnМажите имаат свој личен простор во кој ќе ве пуштат кога ќе сметаат дека ќе дојде време за тоа. Тие не сакаат девојка која веднаш откако ќе се запознаат ќе сака да им го окупира целиот живот барајќи љубов од нив.
rn
2. Споделување на премногу лични работи
rnАко сте се запознале неодамна, тоа значи дека не можете премногу да си верувате. Затоа нема да делувате многу доверливо ако почнете веднаш да споделувате премногу лични работи од вашиот живот. Тогаш тој може да запраша зошто е тоа така и да се оддалечи од вас.
rn
3. Премногу сте драматични
rnОва е многу неатрактивна особина. Справете се со неа ако ја среќавате кај вас затоа што никој покрај себе не сака личност која едноставните работи ги прави комплицирани.
rn
4. Прерано изјавување љубов
rnИ мажите влегуваат во врска за евентуално да пронајдат голема љубов, но ако почнете со искажување љубов уште додека не се познавате доволно, тоа може да ги исплаши.
rn
5. Притисок за брак
rnБракот е сериозна работа и затоа секој маж сака да биде сигурен дека пронашол жена со која може да го помине остатокот од животот. Ако го притискате да стапи во брак по не многу долга врска со вас, директно или со суптилни знаци, тој ќе помисли дека сте со него само затоа што барате сопруг. Тој сопруг сигурно нема да го најдете баш во него, освен ако и тој не е од истата причина со вас.
rn
6. Зборување за бившите момчиња
rnБившите момчиња се ваша работа, а не на новото момче. Тој сака да се занимава со вас, а не со нив.
rn
7. Преголема и неразумна љубомора
rnНиту вие не го сакате тоа од негова страна, па разбирате како му е и на него.
rn
8. Не нарачувате вистинска храна
rnМажите не сакаат да видат дека новата девојка која ја сретнале има проблеми со сликата за своето тело. Нарачајте вистинска храна кога ќе јадете заедно и сторете го тоа со самодоверба.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

