Неодамна е предложена идејата дека луѓе од целиот свет чувствуваат чудни нешта и симптоми. Луѓето од разни животни средини разговараат за тоа дека имаат чудни симптоми кои понекогаш ги тераат да се запрашат да не полуделе. Симптомите исчезнуваат на неколку недели, а потоа повторно се појавуваат, навидум во зависност од соларната и космичката активност, како и подготвеноста на личноста да продолжи кон следното ниво.
Се верува дека околу светот секоја година се случуваат огромни енергетски прилагодувања и дека планетата минува низ промена. Соларната активност која е зголемена има влијание на магнетното поле на Земјата и на секој човек. Ова се симптомите кои ги пријавиле бројни луѓе од целиот свет. Дали и вие имате почувствувано нешто слично?rn
1. Желба за шеќер и чоколадо
rnМногу луѓе добивале ненадејна желба да јадат чоколадо или шеќер и се смета дека причината се паразити. Повеќето луѓе имаат некаков вид паразит. Маслото од оригано се смета дека може да помогне со кандидата и со активноста на паразитите. Антибиотиците можат да го уништат имунитетот на личноста за неколку години, но маслото од оригано е побезбеден и природен антибиотик.rn
2. Чуден распоред на јадење
rnГубењето на апетитот, како и немањето идеја што да се јаде се верува дека е последица од живеењето во свет на супермаркети. Решението е консумирање поздрава храна. Од помош е и да научите да готвите нешто ново и да дознаете кои витамини и минерали ви се потребни.rn
3. Чуден распоред на спиење, притисок и болка во главата
rnБлагодарение на нештата како радијација, телефонски кули и слично, луѓето се изложени на ризик од несоница и главоболки.rn
4. Слушање чудни звуци
rnМногу луѓе изјавиле дека слушаат чудни звуци кои вклучуваат и механичка врева. Некои луѓе веруваат дека ова е поради електрониката, а некои веруваат дека станува збор за нешто подуховно.rn
5. Зголемена чувствителност
rnНекои луѓе изјавиле дека се почувствителни. Многумина сметаат дека ова е труење со жива, особено ако имаат постари пломби на забите.rn
6. Зголемено чувство за мирис
rnМногу луѓе сметаат и дека им е засилено чувството за мирис. Ова не е поврзано со нешто негативно и звучи како нешто подуховно.rn
7. Технологија што се однесува чудно при допир
rnНекои луѓе изјавиле дека електронските направи се однесуваат чудно на допир. Многумина сметаат дека надградбите имаат влијание на одредени направи и ги забавуваат. Од Епл веќе изјавија дека ги забавуваат постарите модели на Ајфон.rn
8. Свесност за бранови произведени од технологија
rnГолем број луѓе изјавиле дека се свесни за брановите што ги произведува технологијата. Ова не е свесност за радијацијата од технологијата, туку зрачење на луѓето кои ги покажуваат симптомите.rn
9. Губење фокус
rnНекои луѓе изјавиле дека имаат намален визуелен фокус, како да се во филм. Можеби предолгото гледање во екрани е виновно за овој симптом.rn
10. Лоша координација и нерамнотежа
rnНекои луѓе тврдат дека чувствуваат намалена рамнотежа или лоша координација. Многумина ги обвинуваат телефонските кули.rn
11. Бранови од интензивни емоции
rnНекои хемикалии, како и живата можат да предизвикаат бранови од навистина интензивни емоции. Од друга страна некои ја обвинуваат астрологијата за ова чувство.rn
12. Манифестирање на мислите во реалноста
rnНекои луѓе имале инстантна манифестација на нивните мисли. На пример, помислуваат на збор и веднаш слушаат некој кој го кажува. Многумина веруваат дека е само случајност, но повеќето сметаат дека е премногу често за да се стави во таа категорија.rn
13. Неплодност
rnЛуѓето кои знаат дека храната има хемикалии, пестициди и канцерогени состојки веруваат дека ДНК којашто е модифицирана може да предизвика неплодност.
Погледнете и кои се најчестите симптоми на духовно будење.

