КАФЕ ПАУЗА

7 знаци дека сте во љубовна врска со маж кој никогаш нема да порасне

Секоја љубовна врска бара труд, работа и одговорност кон партнерот. Но, кога тоа не е двострано, време е да се запрашате со каква личност сте во врска. Затоа ви откриваме 7 знаци кои укажуваат на тоа дека сте во врска со незрела и детинеста личност.rnrn1-7-znaci-deka-ste-vo-ljubovna-vrska-so-mazh-koj-nikogash-nema-da-porasne-www.kafepauza.mk_rn

1. Не ги спроведува плановите во дела

rnВажен дел на почетокот од секоја врска е одењето на состаноци и поминувањето заедничко време. Но, ако вашиот партнер често зборува за големи идеи и планови кои ги има за вас, а тие на крајот се секогаш неуспешни, време е добро да размислите дали сакате да ја продолжите врската со таква личност на чиј збор не можете да сметате.rn

2. Одбива да ја дефинира љубовната врска

rnОвде станува збор за доста важен разговор. Сакате да го знаете точниот статус на вашата врска и каква е вашата заеднички иднина, односно дали вреди да се впуштите подлабоко во врската. Но, ако вашиот партнер воопшто не сака да разговара за тоа, тој всушност само го покажува неговото ниво на незрелост и несериозност.rn

3. Не прифаќа одговорност

rnПостојат луѓе кои едноставно одбиваат да прифатат каква било одговорност за своите дела. Сѐ уште не се свесни дека сега се возрасни личности кои не можат да побегнат од одговорноста. Ако сте во врска со личност која никогаш во животот не била виновна за ништо, добро размислете дали гледате иднина со таков партнер.rn

4. Не знае да раководи со парите

rnСамо затоа што вашиот партнер има работа и редовна плата не значи дека е и финансиски одговорна личност. Ако тој таа плата одлучи да ја потроши на себе и на непотребни работи наместо да плати разни трошоци и сметки, големи се шансите дека станува збор за неодговорна и незрела возрасна личност.rnrn2-7-znaci-deka-ste-vo-ljubovna-vrska-so-mazh-koj-nikogash-nema-da-porasne-www.kafepauza.mk_rn

5. Не се грижи за вашите чувства

rnСебичната личност која ги цени само сопствените чувства не е добар партнер. Врската би требала да биде рамноправно партнерство, а ако вашите чувства никогаш не се земаат предвид тогаш дефинитивно сте во врска со незрела личност. Најдобро е да се тргнете од таквото токсично и себично однесување.rn

6. Реагира детско, а не логично

rnНајголемата разлика помеѓу возрасната и незрелата личност е во нивниот начин на реагирање кога ќе се соочат со различни ситуации. Особено ако станува збор за комуницирање кога нешто им пречи. Смирениот, зрел разговор со партнерот е нешто што возрасните луѓе го прават нормално, а не удираат со ногата по подот или се навредуваат од секоја ситница како што е случајот кај детинестите личности.rn

7. Имате чувство дека сте постојано несигурни

rnЧувствувате дека сте несигурни, но не можете да престанете. Имате чувство дека ако не го потсетите партнерот за нешто дека тој никогаш нема да го направи тоа. Не е ваша вина ако партнерот не сака да стане сериозен, но тогаш е време да престанете да бидете несигурни и да ја промените ситуацијата во која се наоѓате.rnrnПрочитајте и уште 5 знаци дека сте во врска со детинест маж!