КАФЕ ПАУЗА

7 знаци дека сте на работ на целосна трансформација

7 знаци дека сте на работ на целосна трансформација

Written by

in

,

Постојат одредени, сигурни знаци дека наскоро ќе се случи некаква трансформација. Ако обрнете внимание на нив ќе знаете дека е правилно да зачекорите напред кон нов начин на постоење. Ако забележите кој било од следниве знаци, тогаш универзумот ви приредува голема промена.rnrn7 знаци дека сте на работ на целосна трансформацијаrn

1. Односите завршуваат

rnИако може да биде навистина тешко да доживеете крај на неколку односи истовремено, важно е да размислите што тоа значи. Во поголемиот дел случаи ова ви сугерира да поминете низ длабока внатрешна промена бидејќи некогаш удобната динамика повеќе не ви одговара. Дури и ако не сте се оддалечиле свесно од некои луѓе, тие можат да почнат самите да си заминуваат, најмногу поради промената на вашите вибрации. Трансформацијата понекогаш бара да почувствувате губење, но ова се добри вести. На овој начин им правите место на луѓето кои ќе ве поддржуваат и кои одговараат на вашето повисоко јас.rn

2. Универзумот разговара со вас

rnМногу луѓе кои поминале низ голема промена добивале голем број знаци од универзумот. За почеток обрнете внимание на броевите што се повторуваат, како 11:11 или 777, животните, како и новите средби со луѓе кои можеби во иднина ќе ве насочат на вистинскиот пат. Знаците можат да се појават и во форма на чувство. Можно е само да чувствувате дека нештата наскоро ќе се променат.rn

3. Различен распоред на спиење

rnДоколку причината не е здравствен проблем, промените во спиењето може да укажуваат на промени кои се случуваат во вашите срце и ум. Ако минувате низ трансформација на значаен начин, може да сакате да спиете повеќе или потешко да се будите. Причината веројатно е тоа што мозокот упорно работи за да сфати што сакате од вашата иднина, дури и ако сте потполно свесни за почетната фаза на тој процес. Вашиот распоред на спиење би требало да се врати во нормала кога патот ќе ви стане јасен.rn

4. Се чувствувате заглавено

rnПонекогаш ќе чувствувате како да сте заробени или заглавени во некоја ситуација, без разлика дали станува збор за работното место, образованието или партнерот. Во други случаи можете да забележите чувство на дисонанса, како што е погледот кон животот. Може да забележите дека повеќе не сте синхронизирани со него, или да чувствувате како да не е навистина ваш. Сите овие искуства ви кажуваат дека не живеете автентично и дека дефинитивно сте подготвени за нешто друго.rn

5. Повеќе не функционираат старите стратегии

rnДодека некои знаци за трансформација се мистични, како оние од универзумот, има и некои практични. Дали чувствувате дека вашето досегашно однесување, инспирација и слично повеќе не дава резултати? Ако одговорот е да, вие сте преминале во последната фаза од вашиот живот и ќе напредувате само ако тргнете кон вистинска и трајна промена.rn

6. Сакате да ги решите старите проблеми

rnКога на некој начин знаете дека ќе поминете од една фаза од животот кон друга, можно е да почнете да го разгледувате вашиот живот. Со други зборови старите проблеми, незавршените работи и долготрајните сомнежи ќе бидат во центарот на вашето внимание. Ќе чувствувате потреба на крајот од поглавјето да воспоставите рамнотежа. Во реалноста можеби нема да можете да ги решите сите овие проблеми со делување. Но, можете да ги обработите и само во пишан облик за да се ослободите од нив и да добиете нов почеток.rn

7. Емоционални сте

rnЕмоционалноста често ѝ претходи на трансформацијата. Таа е и средиштето на она што ви се случува додека активно го менувате вашиот живот. Можеби ќе сфатите дека ви е потешко да се смеете или да плачете. Дека почесто размислувате за вашите емоции, а сè ви изгледа поголемо и поважно. Немојте да ги потиснувате или криете овие емоции. Наместо тоа, соочете се со нив и запрашајте се што можете да научите.rnrnДознајте и кои се најчестите синхроницитети кои не треба да ги игнорирате.