КАФЕ ПАУЗА

7 витални избори кои мора да ги направите доколку сакате да бидете во среќна љубовна врска

„Тоа што некој ве сака со цело срце и душа ви дава сила, а тоа што сакате некого со цело срце и душа ви дава храброст.“ – Лао Цу

rnНиту една врска не е лесна и едноставна. Кога некого навистина сакате и некој ве сака вас, сѐ станува неколку тони потешко. И токму затоа секоја врска бара да се работи на неа, континуирано. Моментот кога ќе го земете партнерот здраво за готово и ќе престанете да се трудите околу врската е моментот кога таа ќе почне да пропаѓа. Среќната врска не значи дека постојано ќе бидете во облаци, но значи дека покажувате меѓусебно разбирање, ја давате потребната поддршка, успевате да дојдете до компромис и најмногу од сѐ – се сакате.rnrn(1)- 7-vitalni-izbori-koi-treba-da-gi-napravite-dokolku-sakate-da-bidete-vo-srekjna-ljubovna-vrska-kafepauza.mkrnrnИ додека сето ова звучи доста убаво на зборови, најтешкиот дел е применување на она што добро го знаете. Следниве 7 работи се основни доколку сакате да имате, односно да бидете во врска која ќе ве исполнува и прави среќни. Применувајќи ги континуирано, со секој ден сте чекор поблиску до врска во која ќе се чувствувате само убаво.rn

1. Вежбајте да се сакате себеси пред сѐ останато

rn

„Единствениот начин да имате среќна, љубовна врска е да можете да бидете среќни со или без неа.“ – Ерика Гонзалесrnrn„Знајте дека не е задача на друг да ве направи среќни. Единствената личност која може да го направи тоа сте самите вие.“ – Кристи Емонсrnrn„Најважно од сѐ е да бидете искрени со себе за тоа кои сте и што сте.“ – Кели Белrnrn„Знајте дека може да бидете свои и пак да бидете прифатени. Најдобрата врска е онаа во која го предизвикувате најдоброто еден кај друг и сте совршено задоволни дури и кога никој од вас двајца нема што да каже.“ – Стефани Швенинг

rnНаправете листа од вашите особини и однесувања кои заслужуваат почит. Иако ќе е соочите со маани и недостатоци (како и сите останати), верувајте дека има повеќе добро отколку лошо во врска со вас. Простете си себеси за што и да си замерувате и продолжете со крената глава. Бидете добри со себе, грижете се за себе и сакајте се такви какви што сте бидејќи само така ќе создадете простор за да ве сакаат и другите.rn

2. Фокусирајте се на компатибилноста

rn

„Најдобри пријатели пред сѐ останато.“ – Венди Николсонrnrn„Потребно е извонредно да си се допаѓате еден на друг во секоја смисла на зборот.“ – Дајен Бејтменrnrn„Имајте заеднички или барем компатибилни вредности и комуникација. Сѐ останато може да се прости, прифати или тргне настрана. Вредностите се коренот преку кој се поврзуваме со другите луѓе.“ – Френк Раrnrn„Најдете ја личноста која ве инспирира да бидете подобри и секогаш охрабрувајте ја и таа да биде најдоброто од себе.“ – Корин Морил

rnАко сѐ уште не сте во врска, излезете и правете ги оние работи кои ве интересираат бидејќи така ќе имате шанса да запознаете личности кои ги делат вашите интереси и вредности. Доколку сте сепак во врска, тогаш почесто правете ги работите во кои и двајцата уживате. Врската некогаш знае да делува како навистина тешка работа, па во тие моменти запрашајте се што навистина е проблемот и дали е решлив, бидејќи колку и да е тешко да заминете од некого, тоа е единствениот начин да ја запознаете личноста со која ќе бидете посреќни.rn

3. Вежбајте прифаќање

rn

„Прифатете дека не секој или сѐ е совршен/о. Сите ние сме совршено оштетени.“ – Сајмон Киркrnrn„Немојте да му поставувате барања на вашиот партнер. Партнерите не си кажуваат меѓусебно што да прават.“ – Џон Биглrnrn„Меѓусебното обожавање и прифаќање на разликите се клучот за феноменална врска.“ – Кејси Кимсrnrn„Среќата е избор, како и сите други работи во животот. Јас избирам да ги гледам и да бидам благодарна за сите добри квалитети на мојот партнер наместо да се фокусирам на грешките.“ – Емили Робертс

rnКога постојано се расправате за нешто со партнерот и се наоѓате себеси како одново и одново се фокусирате на грешките кои тој/таа ги прави, можеби е време да се запрашате себеси кај кого лежи проблемот и дали можеби тоа што навистина ви пречи е нешто во врска со вас. Не се обидувајте да ги менувате луѓето, направете промена кај себе. Наместо да ги потенцирате недостатоците, покажете им на луѓето како сакате да се однесуваат со вас. А кога нешто навистина ви пречи, размислете дали вреди за тоа да ја прекинете врската пред да донесете радикална одлука.rn

4. Поставете реални очекувања

rn

„Не очекувајте да бидете среќни цело време.“ – Стефани Годардrnrn„Не се оптоварувајте со ситници и искажете се само тогаш кога нешто навистина ви значи.“ – Елизабет Садуrnrn„Запомнете дека не секогаш ќе бидете среќни, но поминете низ тие несреќни моменти заедно или разделени, која од овие две опции и да е потребна.“ – Џесика Дафrnrn„Имајте реалистични очекувања и стандарди еден за друг.“ – Ашна Синг

rnЗборовите треба да биде вака или така се зборови кои не треба да постојат во една врска. Исто така, се случува врските од минатото и проблемите кои ги носат со себе да влијаат на вашата сегашна врска, па да се најдете себеси како го обвинувате партнерот за нешто што ви го правел бившиот партнер. Ослободете се од овие стравови, продолжете понатаму и не му ги наметнувајте на партнерот оние очекувања кои може да си ги исполните сами.rn

5. Бидете фини и во изборот на зборови и во она што го правите

rn

„Помислете на чувствата на другата личност пред да кажете нешто или да ја искритикувате.“ – Дејна Бруер Ковејrnrn„Имајте брзо уво и спор јазик.“ – Марк Вордrnrn„Имајте сочувство и созревајте заедно со текот на годините, а не посебно.“ – Криста Твердакrnrn„Љубовта мора да биде поголема и посилна од сѐ останато. Никогаш не ставајте цртки за секоја грешка на партнерот и бидете подготвени да простите.“ – Мел Ескобар

rnОбидете се навистина да слушнете што ви кажува партнерот наместо едвај да чекате да дојдете до збор. Немојте да го земате партнерот здраво за готово и покажете му дека ги цените сите оние прекрасни работи кои забележувате дека ги прави за вас. Не кажувајте работи за кои подоцна ќе жалите.rn

6. Бидете искрени

rn

„Зборувајте за работите кои ве навредуваат и повредуваат.“ – Шерил Флојдrnrn„Најдете компромис и сонувајте заедно.“ – Бека Стинсонrnrn„Од моите баба и дедо кои сте заедно во среќен брак веќе 60 години: грижа, комуникација и компромис – ова се трите најважни работи во една врска.“ – Емили Ларсенrnrn„Немојте да се оптоварувате со ситници. Ако нешто навистина ви пречи, тогаш на смирен начин зборувајте за тоа. Оставете им ја драмата на театрите и филмовите.“ – Бен Рејна

rnИскреноста е основна за добра комуникација. Ослободете се пред партнерот и кажете му што ви лежи на душа. Ислушајте го што тој има да каже. Бидете искрени и дозволете му и на партнерот да биде искрен со вас. Не ја префрлајте вината за вашите чувства на партнерот.rn

7. Не заборавајте да правите сѐ што е во ваша моќ кога е врската во прашање

rn

„Кога ви е досадно, направете нешто во врска со тоа.“ – Ерни Сомерсrnrn„Прилагодувајте се на промените. Прилагодувајте се на расположенијата, начините на живот и на новите нешта. И не заборавајте да се сакате.“ – Кери Кокиногенисrnrn„Имајте силни сопствени цели, но и заеднички.“ – Лаура Тексера

rnЛичниот простор и времето за себе се многу потребни во секоја врска. Одвојте време за себе, но немојте да дозволите да заборавите на партнерот. Секогаш и постојано освојувајте го одново и одново и покажете му/ѝ колку ви значи. Правете сѐ што е во ваша моќ за да си покажете колку се сакате, смејте се заедно, менувајте се заедно, поминувајте повеќе време заедно.rn

„Почнувајте одново и одново, сè од почеток.“ – Мигел Анхел Карило Инфанте

rnСекој нов ден е нова шанса да пружите и да добиете многу љубов. Не ја пропуштајте.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.