КАФЕ ПАУЗА

7 важни љубовни лекции што родителите треба да им ги кажат на своите ќерки

7 важни љубовни лекции што родителите треба да им ги кажат на своите ќерки

Насилството и злоупотребата на девојчињата и на жените се сè почеста појава и може да го загрижат секој родител. Поради тоа, треба да ги научите вашите ќерки како да ги избегнуваат нездравите врски и да носат правилни одлуки поврзани со нивниот љубовен живот. Секоја ќерка треба да ги знае овие 7 лекции за љубовта и за здравите врски.rnrn7 важни љубовни лекции што родителите треба да им ги кажат на своите ќеркиrn

1. Следете ја вашата интуиција и верувајте во себе

rnВашата ќерка треба да знае дека нејзината интуиција е моќна алатка за одлучување, затоа прво треба да верува во себе.rnrnКога девојките имаат средба со некое момче, иако нивната интуиција нема секогаш смисла, таа е моќен начин да се избегне сексуалниот притисок од врсниците и може да им помогне да изберат соодветен партнер и да ги знаат своите сексуални граници.rnrnНаучете ја вашата ќерка да се потпира на својата интуиција така што ќе ја прашате: „Што вели твојата интуиција или твојот инстинкт за тоа?“rn

2. Размислувајте критички

rnНаучете ја вашата ќерка дека дури и музиката што ја слуша, книгите што ги чита и веб-страниците што ги посетува влијаат врз нејзината слика за здрава врска.rnrnЗа да ја научите да размислува критички, научете ја вашата ќерка да си ги поставува следните прашања: „Што верувам дека е вистина?“, „Зошто верувам во тоа?“, „Дали е тоа вистина?“, „Што е невистинито во врска со тоа?“rn

3. Научете ја разликата помеѓу љубовта и заслепеноста

rnДопишувањето и профилот на некоја личност на социјалните мрежи може да ви остави погрешен впечаток дека навистина ја познавате таа личност, но тоа што луѓето го прикажуваат за себе на социјалните мрежи не е секогаш поврзано со нивниот вистински карактер.rnrnНаучете ја вашата ќерка дека треба да помине многу време за да запознае некого и дека за успешна врска се потребни многу време и труд.rn

4. Љубомората не е знак на љубов

rnЉубомората значи дека го контролирате партнерот, а не дека го сакате и таа е главен фактор за насилство во љубовните врски. Ако имате здрава врска, нема потреба да го контролирате партнерот.rn

5. Другите жени не ви се конкуренција

rnАко партнерот ве изневери, тоа значи дека тој има проблем да ви се посвети само вам и да ви биде верен, а не дека девојката со којашто ве изневерил е подобра од вас. Исто така, вашиот партнер веројатно ќе се однесува кон вас исто како што се однесувал кон неговата поранешна девојка и веројатно вие не подобри од неа.rn

6. Откријте ги вашите потреби

rnЕдна од карактеристиките што ги имаат жените е и можноста да чувствуваат емпатија и желба да им помогнат на другите.rnrnОвие карактеристики се многу потребни во денешниот свет, но ако секогаш правите сè за другите на штета на вашите сопствени потреби, може брзо да станете фрустрирани.rnrnНаучете ја вашата ќерка дека единствениот начин да им помогне на другите е да биде свесна за сопствените потреби и дека тоа треба да му го каже и на својот партнер, признавајќи дека можеби се чувствува отфрлено.rn

7. Љубовта кон себе е најважната љубов

rnЖените многу често ги ставаат потребите на другите луѓе пред своите. Дали сте забележале дека постојано се грижите што мислат другите за вас? Или можеби сте се чувствувале незадоволно од другите кога правите сè за нив, одвојувате време и ги ставате нивните потреби пред вашите?rnrnНаучете ја вашата ќерка да ги стави своите потреби пред потребите на другите.rnrnДа ја научите вашата ќерка да се сака себеси и да го цени односот што го има со партнерот е најважната љубовна лекција што треба да ја научи за да има здрава, силна и среќна љубовна врска.rnrnПрочитајте зошто е подобро да ја послушате вашата мајка ако таа ви рече дека не ѝ се допаѓа вашето момче.