Некои мажи носат брада затоа што се грижат за својот изглед и така сакаат да изгледаат, а не затоа што заборавиле да се избричат. Ако имате момче кое сака да носи брада, треба да ги запомните овие 7 работи.rnrn
rn
1. Не терајте го да ја избричи брадата
rnВо таа брада е вложено време за да се порасне, од неколку недели до неколку месеци, а во меѓувреме е вложен и многу труд за да се одржува. Некои купуваат и средства за нејзино одржување. Не го терајте да се избричи само затоа што вие така сакате, затоа што и тој има своја претстава за тоа како може да изгледа поубаво.rn
2. Ќе боцка кога ќе се бакнувате
rnНа некои девојки тоа им се допаѓа, на други не. Но мора да го прифатите тоа имајќи ја предвид првата точка.rn
3. Не носат сите брада затоа што така е модерно
rnПостојат хипстери, ламберсексуалци или како сакате наречете ги оние кои носат брада затоа што и некој друг решил да носи, но не се сите како нив. Сите мажи не ја следат модата. Тоа што нечиј стил во моментот се поклопува со владејачката мода е само случајност, а не обид да се припаѓа на мнозинството.rn
4. Брадата не значи дека имаат влакна по цело тело
rnАко некој има брада затоа што не се грижи за својот изглед, тоа може да значи дека тој не се грижи за влакната на своето тело. Но, ако добро ја одржува брадата, тогаш тоа не значи дека целото тело му е покриено со влакна за кои не планира да се погрижи.rn
5. Внимавајте како се однесувате со неговата брада
rnМожете да ја галите, но не смеете да ја кубете. Не помислувајте ниту да си играте со неа така што ќе врзувате плетенки кога е подолга или нешто слично.rn
6. Ќе им се заглавува храна во брадата
rnИзгледа гадно, но ќе се случува понекогаш. Тоа сепак им се случува само на оние со долга брада.rn
7. И брадата се митари
rnАко живеете со маж кој носи брада, очекувајте да гледате остатоци од неа насекаде.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.