Неретко малите и едноставни нешта значат многу и се заслужни за многу добри спомени кои ги понесуваме со себе. Не заборавајте да ги направите овие 7 нешта за ова лето да остане запаметено.rnrn
rn
1. Спијте на отворено под ѕвездите
rnЗаборавете на градските гужви и бркотници, на обврските и на асфалтите од кои испарува топлина. Најдете убаво и удобно планинско место и поминете една ноќ на отворено. Можеби друштво ќе ви прави вашиот партнер или некој од пријателите, но во секој случај ќе имате незаборавно искуство. Којзнае, можеби ќе видите и ѕвезда како паѓа па ќе си замислите и желба.rnrn
rn
2. Променете ја вашата фризура
rnНема подобро време за промени од летото. Одлучете се за драстична промена и уживајте во самодовербата која ви ја дава новиот изглед. Косата секогаш може да ви порасне повторно, а да се мине животот со една фризура е навистина здодевно.rn
3. Научете ја кореографијата на некој популарен летен хит
rnЛани бea Get lucky и Blurred lines, кој ќе го добие заслуженото прво место оваа година? Научете го текстот и потезите од кореографијата на некој популарен летен хит и „растурете“ по дискотеките и летните забави со вашите пријатели. Уште подобро, направете своја кореографија која не мора да биде сериозна, напротив, слободно „откачете“.rnrn
rn
4. Станете авантуристи на велосипед
rnИзлезете од градските мешаници, качете се на вашиот велосипед и впуштете се во нова авантура. Повикајте ги и вашите пријатели и кога веќе сте во природа организирајте добар пикник. Не заборавајте да се држите до означените патеки и да понесете со себе многу вода и да останете хидрирани. Сè останато е само забава и добри спомени.rn
5. Поставете лежалка во вашиот двор
rnИли уште подобро, висечка лежалка на која може да ги минувате топлите летни денови под сенка, во ладовина, со чаша ладен пијалак и добра книга. Некогаш за да се опуштите и да креирате добри спомени не мора воопшто да го напуштите вашиот двор.rnrn
rn
6. Бидете креативни
rnОставете ги дома смартфоните и излезете во природа со хартија и пенкало. Изразете се себеси и ставете ги вашите чувства на хартија. Напишете поема, расказ, или пак започнете роман! Може и да цртате. Добредојдено е сè што ја поттикнува вашата креативност и ви носи мир поврзувајќи ве со природата.rn
7. Научете нов спорт
rnМоже да биде и екстремен спорт доколку сте похрабри. Нема подобро време за уживање во спортот од летото, особено спортовите на вода. Не бидете пасивни ова лето и не ги наведувајте високите температури како причина да останете дома и да не правите ништо. Почнете со некој спорт. Ќе ширите познанства, ќе останете во топ форма и ќе бидете побогати за едно искуство во животот.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.