Денешниот свет е полн со работи што треба да се научат, авантури што треба да се доживеат и луѓе кои треба да се запознаат. Но, како да најдеме време за сето тоа кога веќе и онака сме премногу зафатени? Доколку и вас ве мачи истото прашање, овие 7 совети можеби ќе ви помогнат подобро да го организирате времето и да го извлечете максимумот од секој час, ден, недела и месец…rnrn
rn
1. Запишувајте ги сите ваши планови и дневни обврски дури и ако сте сигурни дека нема да ги заборавите
rnОбидете се да правите листа на вашите обврски во текот на денот, книги што би сакале да ги прочитате, филмови што ви препорачале да ги гледате, идни проекти, состаноци, средби и слично. Доколку стекнете навика да правите листа на производи што треба да ги купите, па дури и листа на вашите животни желби, ќе ви биде многу полесно да се организирате. Тоа ќе ви помогне убаво да го испланирате денот и да не пропуштите ниту една од поважните активности.rn
2. Паметно користете го „губењето“ на времето
rnЗа губење на време се смета оној „празен“ период помеѓу две обврски како што е патувањето со автобус, чекањето во ред, чекањето на пријателите и слично. Не го трошете тоа време на играње глупави игри на телефонот. Наместо тоа, искористете го за да прочитате некоја интересна книга, да научите странски јазик или да нацртате нешто доколку ве интересира тоа.rn
3. Не трошете време на гледање реклами, туку симнувајте ги омилените филмови или гледајте ги онлајн
rnРекламите денес одземаат толку многу време, што секоја телевизиска програма и епизода траат дупло подолго. За да го заштедите вашето скапоцено време, симнувајте ги вашите омилени филмови и серии. На тој начин ќе трошите помалку време на гледање реклами и ќе имате повеќе време за други корисни работи.rn
4. Запишувајте и следете сѐ што правите во текот на денот
rnНаправете еден мал експеримент. Обидете се два или три дена да го запишувате сето тоа што ќе го направите во текот на денот и да забележите колку време сте потрошиле за секоја активност. Деталниот опис на вашиот секојдневен живот ќе ви помогне да разберете каде ги губите вашите скапоцени минути. Веројатно ќе се изненадите од тоа колку време трошите на активности кои не ви помагаат да ги постигнете вашите цели, како што е бесполезното сурфање на Интернет или читањето непотребни имејлови.rnrn
rn
5. Доделете колку што можете повеќе обврски на други луѓе за да си помогнете
rnПогледнете ја вашата листа на обврски и задачи и видете кои од нив би можеле да ги препуштите на вашите блиски. Вашиот сопруг сигурно ќе може да фрли ѓубре наместо вас, а и сигурни сме дека имате пријатели кои би се согласиле да ви помогнат доколку навистина ви е потребно.rn
6. Не ги одбегнувајте кратките задачи од 5 минути во текот на денот
rnЗа да се завршат некои обврски потребни се помалку од 15 минути. Направете листа на овие задачи и почнете да ги извршувате една по една. Прочитајте ги важните имејлови, избришете прашина, навадете ги цвеќињата… Доколку секојдневно ги извршувате овие мали задачи, тоа ќе ви помогне да ги достигнете и вашите поголеми цели.rn
7. Редовно одморајте се, а не само тогаш кога се чувствувате исцрпено
rnНајидеално би било кога би можеле да правите 10-минутна пауза по секои 50 минути работа и да си посветувате еден ден од неделата само за себе. Но, доколку ваквиот начин на одморање не ви одговара, обидете се да ги менувате активностите на секои 20 минути. На овој начин нема да се чувствувате толку уморни и ќе имате повеќе време. Не заборавајте дека вашата продуктивност на работа зависи од вашата физичка енергија. Редовно полнете си ги батериите и одморајте.