КАФЕ ПАУЗА

7 практични совети како веднаш да им се допаднете на луѓето со кои за прв пат се запознавате

7 практични совети како веднаш да им се допаднете на луѓето со кои се запознавате

Written by

in

,

Кога запознаваме некој нов човек, потребни ни се 7 секунди за да одлучиме дали таа личност ни се допаѓа или не. Тоа е многу голем притисок, особено за оние кои се соочуваат со социјална анксиозност и се по природа срамежливи. Поради тоа, следниве 7 совети можеби ќе ви помогнат да оставите добар впечаток во првите 7 секунди.rnrn7 практични совети како веднаш да им се допаднете на луѓето со кои се запознаватеrn

1. Очите се многу важни

rnГледањето во очи е универзален знак на самодоверба, отвореност и искреност. Со оглед на тоа што повеќе од половина од разговорите се визуелни а не вербални, ако личноста со која се запознавате ја гледате во очи, тоа веднаш ќе ве направи попривлечни. Ако се плашите дека ќе делувате премногу нападно, имајте го на ум односот 60:40 и нема да погрешите.rn

2. Смејте се и светот ќе се смее со вас

rnСекоја средба надополнете ја со искрена насмевка и запознавањето нови луѓе ќе ви биде лесно како песна. Луѓето ги паметат другите луѓе врз основа на тоа како тие направиле да се чувствуваат. Смеењето го зголемува лачењето на ендорфини, така што ако се смеете, ќе разбудите убави чувства кај луѓето и тие ќе ве запаметат како позитивна личност.rn

3. Почнете со „Здраво“

rnНаједноставниот и истовремено најзанемарениот дел од успешното претставување е поздравот. Наместо да започнете конверзација веднаш со разговор, поради што луѓето ќе почнат да се сомневаат во вашата искреност, претставете се со директно „Здраво“. Кажете го тоа со насмевка и веќе сте на половина пат до успешната социјализација.rn

4. Бидете отворени

rnМногу сигнали можат да се пратат за време од 7 секунди, така што обидете се да ги искористите максимално и да му дадете до знаење на човекот со кого се запознавате дека сте отворени и искрени. Вашиот говор на телото треба да биде опуштен. Откопчајте го палтото, застанете исправено и никаков не ги вкрстувајте рацете.rnrn7 практични совети како веднаш да им се допаднете на луѓето со кои се запознаватеrn

5. Сѐ е до аголот

rnПсихологијата на говорот на телото има фасцинантен ефект на првите впечатоци. Покажете интерес за личноста со која разговарате така што малку ќе се наведнете нанапред. Замислете си за момент дека тоа е единствената личност во собата и вашата искреност ќе излезе на површина.rn

6. Зрачете со позитивна енергија

rnПозитивната енергија е заразна и сите сакаат да бидат опкружени со луѓе кои знаат да ја гледаат светлата страна на работите. Обидете се да одбегнувате негативни реченици и личноста ќе ве запамети поради вас самите, а не поради вашите жалби.rn

7. Запаметете дека не се работи само за вас

rnКласичната грешка која сите ја правиме кога сме нервозни е претераното зборување за сее. Еден од најдобрите начини веднаш да му се допаднете некому е да покажете искрен интерес за личноста која стои пред вас. Поставувајте прашања и активно слушајте.