Контрацепционите пилули, освен спречувањето на несаканата бременост, најчесто се земаат и заради нередовните или обилните менструации. Дали тие ќе се вратат откако ќе престанете да ги пиете пилулите? Дознајте кои 7 промени се случуваат во женското тело кога ќе престанете да ги пиете контрацепционите пилули.rnrn
rn
1. Болни менструации и грчеви
rnБолната менструација е една од главните причини заради кои жените се одлучуваат да пијат контрацепциони пилули, бидејќи тие ги ублажуваат симптомите на ПМС и болките во текот на менструалниот циклус. Бидејќи пилулата со својот хормонски состав влијае на спречување на овулацијата, без неа можно е повторно да ги почувствувате последиците од овулацијата, односно неудобните болки и грчеви.rn
2. Губење килограми
rnСо некои контрацепциони пилули жените може да качат некое кило, но тука првенствено се работи за насобирање течности. Сепак, ова не се случува со сите пилули. Во случај жената да добие на тежина повеќе од 3 килограми во рок од 6 месеци, се менуваат пилулите или се прекинуваат под услов сите нејзини навики да останат исти, на пример прехранбените и слично. Со престанување на пилулите можно е губење на килограмите заради намалениот апетит кој е предизвикан од хормоналните промени.rnrn
rn
3. Помали гради
rnГрадите секогаш се поубави и поголеми со контрацепционите пилули во која било комбинација. Тоа се случува бидејќи градите реагираат на компонентите на естроген и прогестерон во пилулите. После прекинувањето на пилулите не е необично доколку градите се вратат во старата големина.rn
4. Обилен исцедок
rnБидејќи пилулата ја спречува овулацијата, доаѓа и до произведување на помала количина вагинален исцедок. После престанувањето со пилулите, исцедокот повторно може да биде обилен. Сепак, треба да го земете предвид и изгледот на самиот исцедок, со која боја е, каков мирис има и каква му е структурата што може да се променат и заради некои воспаленија. rn
5. Појава на акни
rnНекои жени како причина за земање контрацепциони пилули ги наведуваат и акните. Еден од несаканите ефекти по нивното престанување може да биде и враќањето на акните, заради хормоналните нарушувања кои се главна последица за зголеменото ниво на тестостеронот.rnrn
rn
6. Зголемена можност за бременост
rnПо престанувањето на пилулите, во првите шест месеци е зголемена и можноста за бременост, па задолжително треба да се внимава.rn
7. Нередовни и обилни менструации
rnТокму нередовните и обилните крвавења, односно анемијата е една од најчестите причини за контрацепција. По престанувањето на пилулите тоа повторно може да се појави.rnrnДоколку сакате да дознаете подетални информации, поглднете сѐ што треба да знаете за контрацепцијата!