КАФЕ ПАУЗА

7 научно докажани трикови што ќе ви помогнат да ја зголемите вашата креативност

7 научно докажани трикови што ќе ви помогнат да ја зголемите вашата креативност

Written by

in

,

Дали отсекогаш сте сонувале да напишете фантастична книга која ќе ви донесе огромна популарност? Дали сакате да го импресионирате шефот со креативни решенија на работните проблеми? Или пак едноставно сакате да внесете малку имагинација во вашите секојдневни рутини? Разбудете ја вашата креативност со следниве научно докажани трикови за кои сигурно не сте чуле досега…rnrn7 научно докажани трикови што ќе ви помогнат да ја зголемите вашата креативностrn

1. Пригушете ги светлата

rnГрупа германски истражувачи дознале дека затемнувањето на светлата ги намалува ограничувањата и на тој начин поттикнува покреативен и послободен начин на размислување. Нареден пат кога ќе сакате да го зголемите вашето креативно размислување, пригушете ги светлата. Одлична идеја, се согласувате?rnrn7 научно докажани трикови што ќе ви помогнат да ја зголемите вашата креативностrn

2. Хаосот на работната маса е добредојден

rnОва особено важи за педантериите. Во едно истражување, објавено во „Писхолошка наука“ (Psychological Science), испитаниците биле сместени или во несредена или во средена соба и од нив било побарано да смислат идеја за роман за пинг-понг топче. Иако и двете групи дошле до приближно ист број на идеи, оние кои биле сместени во несредените соби имале значително покреативни идеи. Само внимавајте да не го пренесете хаосот надвор од вашиот дом, бидејќи на работа, неуредното биро не остава добар впечаток.rnrn7 научно докажани трикови што ќе ви помогнат да ја зголемите вашата креативностrn

3. Гледајте во нешто сино

rnДали сметате дека сте најкреативни кога сте на плажа и гледате во морето? Според едно истражување спроведено на Универзитетот во Британска Колумбија, сината боја ја зголемува продуктивноста кога станува збор за креативни задачи. Истражувачите мислат дека ова се должи на тоа што сината боја потсетува на небо, море и вода што, пак, асоцира на „отвореност, мир и смиреност“. Благодарение на тоа, фантазијата и љубопитноста на луѓето се зголемуваат. Интересно е тоа што истражувањето исто така открило дека црвената боја ја зголемува продуктивноста кога станува збор за задачи што бараат да се обрне внимание на детали.rnrn7 научно докажани трикови што ќе ви помогнат да ја зголемите вашата креативностrnrnПродолжете на следната страница за останатите трикови…rnrn