Ако се вели дека очите се огледало на нашата душа, тогаш што порачуваат подочниците? Дека сте ненаспани, дека не се храните здраво или дека не знаете кога последен пат сте се напиле вода? Без разлика што е во прашање, денес ви откриваме неколку лесни начини како да ги „избришете“ подочниците за само една недела.rnrn
rn
1. Заменете го кафето со зелен чај
rnАко не сакате темни кругови под очите, најпрво би требало добро да се наспиете. Затоа, обидете се да го избегнете кафето, особено доколку го консумирате повеќе пати во текот на денот. Наместо кафе, одлучете се за зелен чај. Тој содржи кофеин, па одлично ќе ве разбуди наутро, како и антиоксиданси кои ја хранат кожата и го спречуваат нејзиното исушување и стареење.rn
2. Додајте малку зеленило во вашето секојдневно мени
rnЗелениот зеленчук како што е спанаќот и брокулата се одлични во борбата простив темните подочници, бидејќи се богати со железо што ја поттикнува циркулацијата. Каква врска има тоа? Темната боја на подочниците поттикнува од крвта која е „заглавена“ и која треба да започне да се движи, а тоа се гледа добро, бидејќи кожата околу очите е потенка и почувствителна. Колку е циркулацијата подобра, толку крвта се движи полесно и побрзо, а ваквите „сенки“ на кожата повеќе ќе ги нема.rnrn
rn
3. Консумирајте доволно вода
rnТемните кругови, па и отеченоста на капаците потекнува од дехидрацијата. Значи, пијте вода. Многу вода! Ако не сте сигурни колку точно вода ви е потребно, едноставно симнете некоја апликација која ќе се грижи за тоа и уживајте.rn
4. Спијте на грб
rnСигурно досега повеќепати сте слушнале дека би требало да спиете на грб за вашето лице да биде слободно и да го спречите создавањето на брчки. Истото важи и за подочниците – кога е лицето во оваа положба, ништо не се задржува под вашите очи и на капаците, па ќе се разбудите многу посвежи и помалку отечени и надуени.rnrn
rn
5. Испробајте маска од магдонос
rnМагдоносот е богат со витамините Ц и К што позитивно влијаат на осветлување на кожата. Затоа, земете малку магдонос, топла вода и тупфери, и подготвени сте да ги „уништите“ подочниците.rn
6. Започнете да користите крема за пределот околу очите
rnДоволно е кажано! Морате да ја штитите чувствителната кожа околу подочниците преку ден, но и навечер. Плус, дневната крема нека има заштитен фактор.rn
7. Користете ладни облоги
rnШто било ладно може да ја намали отеченоста на капаците, а освен мраз можете да користите и компир или краставица.rnrn
rnrnДоколку мислевте дека ги испробавте сите можни начини за нивно отстранување, можеби не сте ги погледнале овие лесни и природни трикови за отстранување на подочниците.