Понекогаш мажите прават чудни, непривлечни работи кои сепак им се допаѓаат на жените. Дали станува збор за феромони или за безусловна љубов не е важно. Најважно е тоа што тие машки навики се едноставни неодоливи за жените. Понекогаш и несексуалните работи знаат да бидат магнетно привлечни. Ова се 7-те непривлечни нешта кај мажите што ги привлекуваат жените…rnrn
rn
1. Кога ќе заборават да стават дезодоранс
rnТелесниот мирис на нашиот партнер природно нѐ привлекува. Можеби помислата да го прегрнете испотеното тело на партнерот по вежбање ви делува одвратно, но за некои жени тоа е многу привлечно. Во секој случај, сигурни сме дека дури и тогаш кога вашиот сакан ќе заборави да стави дезодоранс, неговиот природен мирис има магнетен ефект на вас.rn
2. Кога креваат тешки работи
rnНе постои сомнеж дека жените се силни, но на сите дами понекогаш им треба маж за да подигне нешто тешко или да достигне некој предмет од високите полици. Тука нема ништо лошо. Освен тоа, мора да признаете дека мажите се многу привлечни кога креваат тежок мебел или ви помагаат да се преселите. Не станува збор за мажественоста што ја покажуваат во тој момент, туку за фактот што се грижат за вас доволно за да ви помогнат.rn
3. Кога навистина ве слушаат
rnВистинскиот партнер сака да чуе како ви поминал денот. Тој сака да дознае за драмата што се случила кај вас на работа, сака да знае како е вашата пријателка по раскинувањето и ве прашува како се чувствувате. Нема ништо попривлечно од маж кој навистина ве слуша не затоа што мора, туку затоа што сака. Има нешто неодоливо кај момците кои ве слушаат и гледаат внимателно, се смеат на вашите шеги и одговараат кога тоа е потребно.rnrn
rn
4. Кога се грижат за вас додека сте болни
rnБолеста не е воопшто секси. Замислете си ја следнава ситуација: Имате стомачен вирус, постојано ви се повраќа и одите во тоалет по 100 пати на ден. Но, тој сепак не ве остава сами и се грижи за вас. Кога вашиот партнер е тука за вас и ви кажува дека изгледате прекрасно без разлика колку сте одвратни, тоа е неверојатно привлечно. Сознанието дека имате човек кој ќе биде до вас и во добро и во зло, без оглед на сѐ, е просто неодоливо. Тоа е вистинска љубов!rn
5. Кога не се тушираат
rnСекако дека личната хигиена е многу важна, но мажите кои заборавиле да се истушираат понекогаш се многу привлечни. Тогаш нивниот природен мирис станува поинтензивен и добиваат неодолив изглед на бунтовници. Нормално дека во ваков случај нема сите мажи да ви бидат секси, но ако станува збор за вашиот сакан, со сигурност нема да можете да им одолеете на неговите мажествени феромони.rn
6. Начинот на кој одат
rnМожеби тој само се „влече“ по улица во широка облека, но не е важно! Ако сте многу вљубени во вашиот партнер, тогаш сигурно и неговиот од ви е неодоливо привлечен. Почнувате да ги препознавате неговите уникатни чекори и не можете да го тргнете погледот од неговиот самоуверен став додека шетате заедно.rn
7. Кога зборуваат за нешто што навистина им значи, а вие немате поим за што се работи
rnРазговорите за работа, спорт и автомобили можеби не ве интересираат, но кога мажите зборуваат за нив со огромна страст и возбуда, мора да признаете дека тоа е најпривлечното нешто на светот. Тука не е важно она што го зборуваат, туку начинот на кој го прават тоа. Неговата страст за работите што ги сака, ве принудува и вие да почнете да ги сакате истите работи. Кога искрено го сакате и цените вашиот партнер, почнувате да ги сакате и работите што го прават среќен, бидејќи можете да забележите колку му значат.rnrnЕве уште неколку нешта кои ги прават мажите неодоливо привлечни.