Сексот е наједноставниот, но и најинтересниот начин за зацврстување на врската со партнерот. Но не секогаш сексуалниот однос е интензивен и за двајцата партнери. Доколку сакате да го подобрите вашиот сексуален живот, следниве 7 нешта ќе ви помогнат во тоа.rnrn
rn
1. Кажете што сакате
rnДоколку постојано молчите за вашите сексуални желби, ќе испуштите многу. Можете слободно да му кажете на партнерот што сакате од него и што би сакале да пробате. Кога ќе го направите тоа, ќе забележите дека партнерот ќе ви пружи подобро задоволство и сексот ќе биде поинтензивен. Понекогаш нема потреба да користите зборови и доволно е само да бидете погласни во кревет. На тој начин ќе го возбудите партнерот, но и ќе му дадете до знаење што навистина ви се допаѓа.rn
2. Дишете свесно
rnЕден навистина едноставен трик за поинтензивен секс е заедничкото свесно дишење. Обрнете внимание на дишењето на партнерот и обидете се да се усогласите со неговиот ритам. Ова е совет од тантричкиот водич за секс и нема да ве остави разочарани.rn
3. Исклучете се
rnНајдобро ќе му се посветите на сексот кога ќе исклучите сè околу вас и кога ќе ги отстраните нештата што ви го одвлекуваат вниманието. Па, исклучете го телевизорот, телефонот, компјутерот и сè останато што ви го одвлекува вниманието. Само така ќе можете целосно да се фокусирате на партнерот и на сексуалниот однос.rn
4. Отстранете ги домашните миленици од собата
rnБез разлика колку го сакате вашето куче или вашата мачка, за време на сексот најдобро е тие да бидат во друга просторија. Ова е време само за вас двајцата. Сигурно не би сакале сред уживање мачката да дојде и да си игра со вас.rn
5. Погрижете се за нередот
rnСпалната соба би требало да служи само за две нешта – за спиење и за секс. Она што не ви е потребно, воопшто не треба да се наоѓа во таа просторија. Доколку на пример имате работна маса во спалната соба, голема е веројатноста да мислите на грижите од работното место за време на сексот, што ќе има значително влијание на вашето задоволство.rn
6. Добро гледајте
rnЗа време на секс, многу луѓе автоматски ги затвораат нивните очи. За жал, на овој начин испуштате многу. Некои истражувања покажале дека гледањето во очи може да ве смири. Покрај тоа, визуелните стимули имаат важна улога за време на сексот. Па додека водите љубов, обидете се да го гледате партнерот во очи. Ќе забележите дека ќе се зголеми уживањето и на двајцата.rn
7. Однапред планирајте
rnСпонтаниот секс може да биде навистина возбудлив. Но, исто возбудливо може да биде и целосно свесното планирање на водењето љубов. Добро испланирајте и подгответе се. Можете да направите релаксирачка купка, или пак да отидете на состанок за кој ќе знаете дека ќе заврши со секс. Без разлика што ќе направите, обидете се да ја зголемувате сексуалната привлечност, а потоа целосно препуштете ѝ се.rnrnПогледнете го и овој водич за тантрички секс.
