КАФЕ ПАУЗА

7 едноставни совети за справување со анксиозноста

7 едноставни совети за справување со анксиозноста

Written by

in

,

Една од последиците на брзиот и динамичен начин на живеење е анксиозноста. Сепак, не секогаш таа може да ни влијае негативно со оглед на тоа дека нè прави свесни за опасноста, нè мотивира да останеме организирани и подготвени и ни помага да се соочиме со ризиците. Но, неконтролираната анксиозност може многу да влијае на квалитетот на животот. Еве на кој начин можете да се справите со неа.rnrn7 едноставни совети за справување со анксиозностаrn

1. Бидете активни

rnРедовното вежбање не само придонесува за подобрување на физичкото здравје туку тоа може да биде и од огромна помош за вашето ментално здравје. Тоа може да го оттргне вашето внимание од она што ве прави вознемирени. Меѓу другото, истражувањата покажале дека редовното вежбањето води до зголемување на концентрацијата и волјата за работа, што може да помогне во одредени симптоми на анксиозност.rn

2. Намалете со алкохолот

rnИстражувањата покажале дека намалената консумација на алкохол може значително да ги намали нивоата на анксиозност и депресија. Од друга страна, претераното консумирање алкохол може да ја попречи рамнотежата на невротрансмитерите кои се одговорни за позитивното ментално здравје.rn

3. Размислете за откажување од пушење цигари

rnПушачите често посегнуваат по цигара за време на стресни времиња. Сепак, како и пиењето алкохол, пушењето цигара кога сте под стрес е брз лек што може само да ја влоши анксиозноста со текот на времето.rn

4. Ограничете го внесот на кофеин

rnАко имате хронична анксиозност, кофеинот не е ваш пријател бидејќи може да предизвика анксиозни нарушувања. Исто така, може да предизвика напади на паника кај луѓе со панично растројство. Според одредени истражувања, елиминирањето на кофеинот може значително да ги намали симптомите на анксиозност.rn

5. Спијте доволно

rnДокажано е дека спиењето е важен елемент за доброто ментално здравје. Се препорачуваат 7 до 9 часа сон за нормално функционирање на телото.rn

6. Урамнотежена исхрана

rnНиското ниво на шеќер во крвта, дехидрацијата или хемикалиите во преработената храна, како што се вештачки ароми, вештачки бои и конзерванси, може да предизвикаат промени во расположението кај некои луѓе. Диетата богата со шеќер, исто така, може да влијае врз расположението. Затоа се препорачува урамнотежена исхрана богата со јаглехидрати, овошје и зеленчук.rn

7. Обидете се со ароматерапија

rnАроматерапијата е холистички третман за лекување што луѓето го користат илјадници години. Притоа се користат природни растителни екстракти и есенцијални масла кои дејствуваат поволно врз благосостојбата на умот, телото и духот. Целта на ароматерапијата е да го подобри физичкото и емоционалното здравје. Етеричните масла создадени од природните растителни екстракти може директно да се вдишат или да се додадат во топла бања. Ароматерапијата може да ви помогне:rn

    rn 011

  • да се опуштите
  • rn 011

  • да спиете подобро
  • rn 011

  • да го подобрите расположението
  • rn 011

  • да ги намалите отчукувањата на срцето и крвниот притисок
  • rn

rnНекои есенцијални масла за кои се верува дека ја ублажуваат анксиозноста се:rn

    rn 011

  • бергамот
  • rn 011

  • лаванда
  • rn 011

  • жалфија
  • rn 011

  • грејпфрут
  • rn

rnОткако прочитавте на кој начин можете да ја намалите анксиозноста, можеби ќе сакате да прочитате и за 28-те лаги во кои анксиозноста нè тера да веруваме.rnrnИзвор: healthline.com