Ако долго време не можете да ја најдете причината за проблемите, можеби треба да погледнете во огледалото. Можеби токму вие ја саботирате вашата врска, а не сте ни свесни за тоа. Погледнете ги 6-те знаци кои ќе ви помогнат да дознаете.rnrn
rn
1. Се повлекувате кога работите стануваат сериозни
rnМногу луѓе мислат дека љубовта ќе биде лесна штом ќе го пронајдат вистинскиот човек. Вистината е дека колку поблиски станувате со партнерот, толку повеќе може да бидете повредени. Ако се повлекувате кога работите стануваат сериозни, можеби сакате да ја избегнете болката. Поврзувањето може да разбуди емоции кои биле закопани со години, а вашата врска нема да просперира ако не се справите со лузните од минатото.rn
2. Премногу контролирате
rnЗа врската да биде успешна, на секој од партнерите му е потребен простор. Ако не сакате да му дозволите на партнерот тој да го контролира својот живот, вашата врска сигурно нема да биде здрава.rn
3. Врската се состои само од расправии без напредок
rnАко сакате да правите сцени, голема е веројатноста вашата врска да не трае долго. Ова однесување може да биде обид да го прекриете вашиот страв од повреда, несигурност или подлабоки проблеми со кои се немате справено. Многу е поважно да се справите со вашите проблеми отколку да бидете во нездрава врска.rn
4. Премногу барате
rnНикогаш не е добро премногу да бидете зависни од партнерот. Ако постојано му се јавувате и ако постојано барате нешто од него, вие само го терате вашиот партнер да се оддалечи од вас. Важно е да се ослободите од оваа негативна навика и да станете личност со самодоверба која е независна.rn
5. Никогаш не реагирате
rnИако негрижата за постапките на партнерот можеби изгледа како врската да е совршена, сепак ова однесување е само маска. Тоа ќе го натера партнерот да мисли дека навистина не ви е грижа за него. Немојте да го држите партнерот на дистанца само затоа што ви е страв да ги кажете вашите мисли и чувства. Ако тој направи грешка, бидете искрени и разговарајте за тоа.rn
6. Не му дозволувате на партнерот отворено да зборува
rnАко партнерот ја нема слободата да биде свој во врската, таа нема да функционира. Важно е да му дозволите отворено да ви каже што мисли бидејќи тогаш ќе знае дека го прифаќате и цените. И покрај несогласувањата, секој заслужува да биде слушнат.rnrnПогледнете ги и 4-те фази на секоја успешна врска.