КАФЕ ПАУЗА

6 трикови за подобрување на вашата самодоверба и соочување со потешкотиите во животот

6 трикови за подигнување на самодовербата

Written by

in

,

Самодовербата е камен темелник на секој успех. Ако не верувате во себе, како да очекувате другите да веруваат во вас? Имајќи го тоа на ум, секој од нас барем еднаш се нашол во ситуација кога не бил сигурен во себе. Познато е колку негативно влијае таа несигурност и како нè спречува да бидеме тоа што сме и нè блокира да си ги оствариме целите. Па, како да ја подобрите вашата самодоверба за да успеете на секое поле во животот?rnrn6 трикови за подигнување на самодовербатаrnrn

1. Разбијте ја границата на самоограничувачки убедувања

rnКога бевте деца мислевте дека можете да го освоите целиот свет. Меѓутоа, некаде помеѓу детството и возрасниот период, го задушивте ентузијазмот и природното тежнеење кон големи соништа. Родителите и учителите одеднаш почнаа да ви ги наметнуваат нивните сопствени убедувања за тоа што вие во животот можете и/или не можете. Тие нивни ограничувачки убедувања, за жал, ги прифаќате како свои без да размислите за нив.rnrnЗа да го свртите тоа во ваша корист, за да се уверите себеси дека може да се верува во покорисни работи, можете да го направите следново – да се обидете да ги проширите границите на сопствените ограничувачки убедувања така што ќе се изложувате на ситуации кои не ви се баш пријатни или добро познати, но кои секако ќе ја зголемат самодовербата кога ќе завршат. Тоа не значи да се изложувате на неверојатни задачи, но можете да пронајдете некои конструктивни предизвикувачки ситуации кои ќе ви овозможат секој ден самите да се надминете и да го подигнете нивото на вашите позитивни убедувања за себе и за сопствената самодоверба.rn

2. Никогаш не го мешајте своето помнење со фактите

rnВо вашата меморија информациите се складираат онака како што вам најмногу ви одговара и како што ви е најлогично, но не и точно онака како што ви се пренесени. Затоа, честопати се случува различни луѓе да имаат различни гледишта за исти нешта или ситуации.rnrnКако ќе ги складирате тие информации во голема мера зависи од вашиот личен систем на уверувања и вредности, но и од сликата која ја имате за себе. Јасно е дека со тоа му се овозможува на мозокот да не се пренатрупува со информации, но доколку ви е ниско нивото на самодоверба, тогаш тие информации што ги добивате ќе ги пропуштите низ сопствени „филтри“ што како резултат ќе ви дадат преработени информации кои само уште повеќе ќе го зацврстат нискиот степен на самодоверба.rnrnЗа да го избегнете ова, добро е уште еднаш убаво да го проучите вашиот систем на убедувања и да го издвоите она што навистина се случило. Во тоа може да ви помогне и некој од страна кој ќе ви даде поинаква перспектива на случувањата.rn

3. Разговарајте сами со себе

rnОва некому може да му изгледа потполно глупаво, но функционира! Доколку редовно разговарате со себе, вие можете да станете попаметни, да си ја подобрите меморијата и полесно да се фокусирате. Пример дека ова навистина функционира се припадниците на американската воена морнарица кои во тешки ситуации ја користат моќта на позитивното разговарање со себе. rnrnВажно е да се биде позитивен затоа што од начинот на кој разговарате со себе зависи и начинот на вашето целокупно размислување. Кога на пример, ќе кажете „знам како да го направам ова“ или кога работите ги гледате како предизвик, а не како проблем, ќе ви се промени перспективата од која се набљудувате себеси и ситуацијата во која се наоѓате.rn

4. Бидете љубопитни

rnЉубопитноста е важен дел од самодовербата и успехот. Всушност, таа е темелот на целокупниот животен раст и развој. Љубопитството овозможува да се учат нови работи, и во согласност со нив, се проширува умот. Затоа е добро и корисно секој ден да пронајдете нешто со кое ќе имате можност да стекнете ново искуство и да откриете нови информации. Како да станете љубопитни? Со поставување прашања. rnrnПоставувањето прашања го активира умот и ви овозможува да се отворите кон нови светови и можности додека одговорите на истите можат целосно да го пренасочат вашиот пат и да ви отворат нови хоризонти.rn

5. Надминете го сомнежот во себе

rnДоколку ви фали самодоверба, секогаш ќе имате чувство дека другите ве сожалуваат. Кога сте во улога на жртва, не сте отпорни на препреките на кои наидувате, кои пак се неизбежен дел од сечиј живот. Некогаш се соочувате со ситуации кои не се ниту пријатни, ниту лесни, но доколку се сомневате во себе, сè што е непријатно и што не е лесно – ќе ви биде уште понепријатно и потешко. rnrnОд друга страна пак, ако размислувате на начин кој може да ве зајакне, како што е мислата: „Каква и е да е ситуацијата, каде и да сум, со што и да се соочувам, ќе успеам да се изборам со тоа затоа што верувам во себе и не се плашам“, препреките на кои ќе наидете нема да ви изгледаат толку страшно. Размислете за себе и во кој дел од себе најмногу се сомневате и храбро тргнете во рушење на сите сопствени бариери кои ве спречуваат да го постигнете тоа што го сакате.rn

6. Соочете се со своите стравови

rnКога имате чувство дека ја имате контролата, стравот го нема. Исто така, кога чувствувате одредено ниво на сигурност во нешто, тогаш тоа нешто не изгледа страшно. Меѓутоа, кога ќе исчезне тоа чувство дека сè држите под контрола, како да го снемало, тогаш не сте способни јасно и рационално да размислувате затоа што емоциите го преземаат водството и почнуваат да „владеат“. Затоа стравовите се ирационални. За да се соочите со нив и да се ослободите, корисно е прво да размислите, да заклучите кој страв е најголем и најсилен.rnКога подобро ќе размислите за тоа, потоа треба да се запрашате себеси што е најлошото нешто што може да се случи ако тој страв стане вистина. Притоа треба да се фокусирате на дишењето, а потоа да го опуштите телото – со секое ново издишување. Тоа е добар начин за соочување со стравовите, бидејќи вие сте живи и понатаму, зарем не?rnrnВерувајте во себе за да можат и другите да веруваат во вас. Започнете со верувањето уште денес. И бидете храбри затоа што стравовите се само во вашата глава. Вие сте посилни од нив и ќе ги надминете.rnrnПрочитајте ги овие совети за самодоверба за уживање во себе и во сопственото тело.