Ако малку се навратите во детството, најверојатно ќе се сетите дека сте мразеле да носите фармерки, бидејќи секогаш биле крути и не толку практични, барем за моментите кога сте сакале да играте и да скокате без никаква пречки. Тоа продолжува и понатаму да биде вистина, само што кога ќе пораснете имате други приоритети, а еден од нив е добар и атрактивен изглед. И тесните фармерки навистина го овозможуваат тоа, па затоа и долго време беа еден од модните трендови кој сите ги сакаа. Сега тој тренд се измени, па во фокусот се наоѓаат фармерките со рамен крој, машките модели, односно оние пошироките и кои не стегаат. Следуваат 6 причини зошто треба да ги избегнувате тесните фармерки и да им дадете предност на другите модели.rnrn
rn
1. Не се добри за здравјето
rnОва е првата, а воедно и најдобрата причина зошто би требало малку да се одморите од тесните фармерки. Бидејќи тие доста силно го стегаат целото тело, влијаат на циркулацијата која е забавена, и доаѓа до оштетување на нервните завршетоци, кои подоцна може да предизвикаат други бројни проблеми. Мода наспроти здравје! Знаете што треба да направите.rn
2. Не се практични за одмор
rnКога ќе се вратите дома после напорниот ден на работа, после цел ден поминат на факултет или кога се одмарате за време на викендот, сигурно нема многу долго да издржите носејќи тесни фармерки, бидејќи нема да ви го овозможат потребното чувство за релаксирање. Пред сѐ, нема да можете ни да седите како што сакате, бидејќи ве попречуваат, па сигурно ќе ви бидат потребни некои широки фармерки или некои други парчиња облека кои ќе ви дадат целосно уживање.rn
3. Не одговараат на сечија градба
rnБез разлика колку некој се обидува да се „вовлече“ во претесните фармерки, правејќи го тоа по секоја цена, вистината е дека тие не може да ѝ стојат добро на секоја девојка. Ќе изгледате прекрасно доколку сте послаби, ако имате долги, витки нозе и рамен стомак, но во спротивно, ризикувате да си дадете самите на себе еден смешен одраз во огледалото.rnrn
rn
4. Машките фармерки се подобри за секојдневни настани
rnСо широките „машки“ фармерки ќе изгледате убаво и модерно, а истовремено и лежерно и опуштено – тоа не може да се случи со тесните фармерки! Тие се многу удобни, па ќе ви дадат можност да го пренесете тоа чувство и на околината, бидејќи ќе уживате во комфорот и добриот изглед.rn
5. Моделите со рамен крој се подобри за лето
rnИ додека моделите на фармерки со рамен крој, со должина до глуждовите, одлично се комбинираат во најразлични ситуации и прилики, уште еден факт доаѓа во нивна корист, а тоа е дека се подобри во текот на летните денови, отколку сосема тесните фармерки. Кога сте облечени во тесни фармерки, ќе ви биде многу потопло и неиздржливо надвор, отколку кога ќе изберете некои пошироки фармерки, кои му дозволуваат на воздухот да струи. Затоа паметно решение е да го споите модерното и корисното.rn
6. Тесните фармерки ги нагласуваат облините на лош начин
rnЌе изгледа како да имате огромни колкови, а премногу слаби нозе. Наместо нив, пошироките модели на фармерки ќе ви дадат одлична можност да создадете совршена силуета и да ги прекриете недостатоците, а она што е убаво да го истакнете на добар и атрактивен начин.rnrnДоколку не знаете што друго да облечете, ви предлагаме да ги погледнете овие панталони што совршено ќе ги заменат вашите омилени фармерки.