КАФЕ ПАУЗА

6 нови трендови кои му штетат на вашето здравје

6 нови трендови кои му штетат на вашето здравје

Денес сѐ почесто маркетерите се обидуваат да „продадат“ производи и услуги кои ги пласираат како здрави и како такви тие можат да поминат кај младите луѓе кои се силни и здрави. Но, оние луѓе кои имаат хронични болести мора да бидат многу внимателни со трендовите кои ги следат.rnrn6 нови трендови кои му штетат на вашето здравјеrn

1. Интервален тренинг со висок интензитет

rnЛуѓето кои сонуваат за совршено тело мислат дека овој тренинг е вистинска магија. Но, една студија спроведена од Универзитетот Рутгерс покажала дека оние кои вежбаат на овој начин со брзо темпо се посклони кон повреди и страдаат од воспаление на колената и рамењата. Затоа, доколку сакате да вежбате со овој интензитет, треба претходно да го подготвите телото со некоја друга физичка активност. Но, ако сте целосен почетник во вежбањето, а сакате да изгубите килограми, овој вид тренинг не е најдобрата опција за вас.rnrn6 нови трендови кои му штетат на вашето здравјеrn

2. Паста за заби со јаглен

rnНеодамна стана вистински тренд да се користи јагленот, не само за чистење на желудникот, туку и за козметички цели. Ако сакате да користите паста за заби што содржи јаглен, треба да запомните дека таа е абразивна. Чистењето на забите со оваа паста делумно ја уништува и глеѓта, која, за жал, не се обновува. Ова ќе ги направи вашите заби многу почувствителни, а ќе изгледаат и потемни. Дополнително, мали парчиња јаглен може да се залепат за пломбите и да ви предизвикаат иритација. Доколку сакате да имате совршена насмевка, доволно е да одите на редовни контроли кај вашиот стоматолог.rnrn6 нови трендови кои му штетат на вашето здравјеrn

3. Електронски цигари

rnЕлектронските цигари станаа многу популарни кај оние кои сакаат да се откажат од пушењето. За нив се верува дека се помалку штетни од обичните цигари. Но, бидејќи загреаните електронски цигари генерираат никотин аеросол, кој се состои од тутун и други хемикалии, тие се уште поштетни за здравјето на луѓето.rnrnВрз основа на резултатите од некои проучувања на бронхијалниот епителиум кај луѓето кои пушат вакви цигари, се дошло до заклучок дека тие може да доведат до воспаление, оксидативен стрес и да имаат други лоши последици врз белите дробови и дишните патишта. Долгорочно, може да доведат и до хронична опструктивна белодробна болест и рак.rnrn6 нови трендови кои му штетат на вашето здравјеrn

4. Вагинално чистење со клизма

rnОвој метод на чистење може да доведе до промени во микрофлората на внатрешните гениталии, иритација, чешање и бактериска вагиноза. Исто така, ова може да го зголеми ризикот од развој на рак на грлото на матката.rnrnАко забележите некоја непријатност кај вашите генитални органи, не правете работи на своја рака и посетете лекар.rnrn6 нови трендови кои му штетат на вашето здравјеrn

5. Пиење витамини без рецепт

rnЛекарите често нѐ потсетуваат дека честото пиење витамини без препорака може да има негативни последици. На пример, земањето премногу витамин Ц може да доведе до формирање на бубрежни камења. Ако мислите дека не внесувате доволно хранливи материи, направете промена во вашата исхрана или консултирајте се со нутриционист кој ќе ви направи соодветна диета.rnrn6 нови трендови кои му штетат на вашето здравјеrn

6. Кегелови вежби

rnКегеловите вежби се специјализирани за стимулација и тонизација на пелвичните мускули. Но, за овој вид на вежбање има многу контрадикции. На пример, ако некој има болка во карлицата или уринарна инконтиненција, овие вежби може да ги влошат работите или да им наштетат на мочниот меур и бубрезите. Исто така, многу луѓе ги прават овие вежби на погрешен начин или прават многу повторувања за да добијат побрз резултат.rnrn6 нови трендови кои му штетат на вашето здравје