6 нешта кои ги правите погрешно кога сакате вашата љубовна врска да стане сериозна

Сподели

Вие со недели, а можеби дури и со месеци се гледате со ова момче, но не сте сигурни како тој се чувствува во однос на вас. Можеби сè помеѓу вас започнало како шега, но од ваша страна нештата станале посериозни, па токму затоа и сметате дека сте подготвени за нешто повеќе. Но, тој сè уште не спомнал ништо на таа тема. Што треба вие да направите за да го поттикнете неговото размислување во таа насока?

Реклама

rn

1. Го поддржувате несериозното однесување

rnТој бил пасивен во својот пристап, но вие сепак сте го поддржувале неговото однесување. Можеби вашата врска започнала пријателски или пак, сте се запознале преку заеднички пријатели па токму затоа и ви било лесно и пријатно да започнете со нешто повеќе. Можеби во тој момент не сте барале сериозна врска и не сте верувале дека ќе стигне до тој степен, но сепак доколку вашите очекувања се смениле мора да го смените и вашето однесување со цел да ја трансформирате вашата врска во нешто посериозно.rn

2. Никогаш не сте му кажале што сакате

rnБез разлика дали сакате да бидете кул девојка кои делува како да не се грижи за ништо или пак, сте сакале да се забавувате и потоа одеднаш ви се смениле емоциите, вие треба да престанете да се плашите и искрено да го признаете она низ кое поминувате. Тој не може да ви ги чита мислите, па доколку не кажете јасно и гласно како се чувствувате, ќе заглавите во круг од неисполнети очекувања.rn

3. Тој не е ваш приоритет

rnГледањето еднаш неделно или пак, само кога имате слободно време не му дава до знаење дека вие сакате нешто повеќе. Можеби сте биле зафатени или не сте сакале да правите притисок, но откако вашите чувства ќе почнат да се менуваат вие треба да издвоите доволно време кое ќе го посветите за градењето на вашата врска. На тој начин ќе му покажете дека вредите за неговото време и ќе му дадете до знаење дека сакате нешто посериозно.rn

4. Ги игнорирате знаците дека тој е емоционално ранлив

rnТој никогаш не спиел кај вас бидејќи требало рано да стане за работа или користел некој сличен изговор со чија помош избегнувал да се зближите на интимно ниво. Вие никогаш не излегувате на состаноци кои не завршуваат со секс и тој нема навика да го споделува денот со вас. На овој начин тој ви овозможил материјал за да ве задржи на јаже, доволно блиску за да не си одите, но доволно далеку за да не можете да преминете на следното ниво. Токму овие знаци укажуваат на емоционално недостапна личност.rn

5. Тој може да добие секс од вас во секое време

rnДоколку не мора секојдневно да се труди да ве освои, тогаш тој ги има сите придобивки кои ги доживуваат момчињата во врска. Имајќи го тоа на ум, нема да сака ништо повеќе од вас бидејќи го добива токму она кое му е потребно. Вие ги поддржувате неговите соништа, одвојувате од своето време за него и му го давате срцето, без притоа тој да треба да се обврзе.rn

6. Едноставно не му се допаѓате доволно

rnЛуѓето се многу различни, па токму затоа и тешко може да се најде онаа личност која целосно ќе ви одговара. Можеби едноставно тој не е заинтересиран за нешто повеќе со вас, а моментално се гледате затоа што му се допаѓа сексот. Без разлика на причината, ако сакате нешто повеќе, време е да разговарате. Бидете искрени и вложете се целосно во оваа врска. Не му дозволувајте на стравот да ве спречи да го добиете она кое навистина го заслужувате.

Популарно

Може ќе ве интересира