Јајцето на око е омилен појадок на огромен број луѓе ширум светот, но ако пречесто го јадете, ќе ви досади. За да не се случи тоа, применете некој од овие кул начини да си приготвите уникатно јајце на око во облик на круг, цвеќе или срце, кои не само што изгледаат интересно, туку имаат и одличен вкус. Бонус: вашите гости ќе бидат воодушевени од креативноста. :)rn
1. Јајце на око во прстен од кромид
rnДоколку сакате да си приготвите јајце на око во совршен кружен облик, на загреано масло во тавче ставете прстен од кромид со дебелина од околу 1 см и оставете го малку да се испржи. Потоа искршете едно јајце во средината. Сипете малку масло врз јајцето, оставете го да се испржи на средна температура, а доколку сакате да биде пржени од двете страни, обидете се да го превртите неколку пати. На крај, зачинете со сол и бибер и послужете го со лепче и домат.rnrn
rn
2. Јајце на око во резанка од бабура
rnЗа да зготвите јајце на око во интересен, цветен облик, исечете резанки од широкиот крај на бабурата, загрејте малку масло на тава, ставете ги парчињата во неа и во секое ставете по едно резанче патлиџан. Потоа искршете по едно јајце во секое од парчињата бабура и гответе ги на тивок оган, додека не се испржат. На крај додадете и зачини по ваш избор: сол, бибер, оригано, сечкан власец…rnrn
rn
3. Јајце на око во виршла
rnЗа да подготвите вкусен романтичен ручек за вашиот партнер, подгответе јајце во срце, направено од виршла. Сварете виршли и потоа исечете ги на половина, оставајќи го врвот споен. Со помош на вашите раце, обликувајте ги двата дела од виршлата во форма на срце и поврзете го аголот со помош на чепкалка. На загреано масло ставете ги срцата и во секое од нив скршете по едно јајце, оставете го да се испржи на средна температура и послужете го со двопек и зачинето по ваш вкус.rnrn
rn
4. Јајце на око во авокадо
rnНаправете си уникатно јајце на око во парче авокадо, за да добиете кремаст, необичен и убав вкус кој се памети. На загреано масло ставете го парчето авокадо и во него искршете едно јајце. Почекајте неколку минути да се испржи на средна температура и на крај декорирајте со зелено кромитче и црвена бабура.rnrn
rn
5. Јајце на око во парче леб
rnЗа да си направите ваков креативен појадок кој честопати во рецептите се наоѓа под името „јајце во птичјо гнездо“, најпрво ќе ви треба парче леб за тост. Со калапче за колачи отсечете го средишниот дел од лебот. Потоа пуштете ја ринглата на средна температура и во тавата ставете 1 лажица путер да се растопи. Ставете го лепчето во тавата и во средишниот дел искршете едно јајце. Не поместувајте го лепчето околу 30 секунди. Потоа посолете го јајцето со сол и бибер, превртете го со шпатула и од задната страна ставете сол и бибер. Мрдајте со лепчето низ тавата за да го впие преостанатиот путер. Јадењето ќе биде готово кога лепчето ќе добие златеста боја и жолчките ќе се згуснат, но треба да останат малку течни.rnrn
rn
6. Јајце на око во кора од портокал
rnОва е одличен рецепт доколку сте љубители на кампувањето. Сè што ви е потребно е портокал и јајце. Пресечете го портокалот на половина и извадете го средишниот дел, за да остане само кората. Скршете едно јајце во кората и печете на жар околу 4-5 минути. Влажноста на кората од портокалот спречува јајцето да загори и му додава убав, свеж вкус.rnrn
rnrnПогледнете ја постапката во видеото:rnrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
