КАФЕ ПАУЗА

6 ефикасни и практични совети за обновување на косата после сончање

Летото ни носи љубов, авантури, уживања. Но, не може сè да биде совршено. Преголемата жештина доведува до недостаток на влажност којашто покрај на кожата може да се забележи и на она што се смета за украс на една жена – косата. За жал влијанието на УВ зрачењето, сонцето, хлорот и морската сол можат да се споредат со прегорување на косата со различни преси, фен, па дури и хемикалии како што се фарби за коса на кои не можеме да им одолееме.rnrnНегуваната коса има поголеми шанси да се заштити од овие влијание за разлика од онаа која не е негувана. Без оглед на тоа дали се работи за виткана или права, на косата ѝ е потребна дополнителна нега и заздравување.rnrnrn

1. Природните шампони се вистински избор

rnНајдобро решение да ја заштитите вашата коса од дополнителното исушување и да ѝ помогнете да заздрави е повремено да употребувате бебешки шампон или природен шампон од коприва. Исплакнете ја косата со ладна вода доколку е возможно.rn

2. Избегнувајте фарбање и бланширање

rnСекоја дама обожава да има фризура во текот на летните месеци, но да ѝ дозволиме на косата малку да се одмори од хемикалиите со кои ја третираме во текот на годината. Сонцето дополнително негативно влијае на неа па не е потребно да се отежнува ситуацијата со користење тешки фарби. Но, доколку е неопходно да имате свежо фарбана коса послужете се со природни избори односно производи.rn

3. Паузирајте со апарати наменети за стилизирање

rnИма ли нешто поромантично од коса испрана со природен шампон на пример, од коприва и сушење без фен? Природно исушената коса и плетенката што можете да ја направите се начини на кои косата ќе оздрави после морето, сонцето или хлорот.rn

4. Користете препарати со УВ заштита

rnЗадолжително продолжете со употреба на производи за заштита на косата од сонцето. Тие ќе ѝ помогнат. Тоа што не сте повеќе на море или на базен не е причина да заборавите на косата и таа да не се испрска со некој препарат пред миење или излегување на работен состанок во центарот на градот.rn

5. Исечете ги врвовите на косата

rnМожеби ќе ви биде жал како на повеќето жени, но косата што се крати редовно расте многу побрзо. Сечењето на косата на секои 4-6 недели по 1 центиметар помага таа да остане здрава и сјајна. Овие денови задолжително е да се исечат краевите после сончањето и изложувањето на морска сол или хлор.rn

6. Волшебна маска – спас за оштетената коса

rnМаската на природна база е полн погодок! Производите како сувото масло можат да бидат идеален начин за по природен пат да ја обновите вашата коса. Слободно можете да ја користите неколкупати месечно затоа што не може да ѝ наштети. На вашата коса ќе ѝ подарите здравје и сјај.rnrnНаправете си домашен спреј за бујни и долготрајни кадрици за време на најтоплите денови.