Во кое било време од денот може да се почувствуваме уморни, поспани и со недостаток на енергија. Истоштеноста стана толку честа појава благодарение на нашиот брз и зафатен начин на живот. Но, според една студија спроведена во Англија, еден просечен Англичанец поминува повеќе од седум и половина години од неговиот живот во постојана изнемоштеност. И изгледа дека ова се случува и кај нас. Возрасните изјавиле дека во просек поминуваат од 2 часа до 56 минути чувствувајќи се летаргични и со недостаток на енергија. Но, дали оваа умореност може да биде знак на поголем проблем?rnrn
rn
Тест за синдромот на хроничен умор
rnЕкстремната умореност не мора да е последица само на стресот предизвикан од работа или од недостаток на сон. Таа исто така може да биде знак и за синдромот на хроничен умор – комплексно нарушување карактеризирано со слаб и постојан умор. „Нешто што ви пречи нормално да функционирате“, изјавува специјалист од оваа област и универзитетски професор по психологија од Чикаго.rnrnНавременото дијагностицирање е потешко затоа што не постои единствено лабораториско или дијагностичко тестирање за да се потврди овој синдром. Докторите не можат да ја потенцираат причината и бројни симптоми можат да имитираат други заболувања како што се фибромиалгија и депресија. Факт е дека неверојатни 90% од случаите не се дијагностицирани.rnrnИмајќи го сето ова на ум, постои тест што може да ви помогне да ги потврдите вашите сомнежи. Поставете си ги овие прашања и доколку на повеќето одговорите со „да“ тогаш посетете доктор кој ќе ви постави точна дијагноза и ќе започне со лекување на состојбата.rn
Дали се чувствувате уморно после целосен ноќен одмор?
rnОва е еден од клучните (и фрустрирачки) компоненти на синдромот на хроничен умор – кога дури и долгото спиење не ви помага да се одморите. Многу пациенти со ова нарушување се чувствуваат уморни и после многу часови поминати во одмарање. Замислете да поминете солидни 8-12 часа во кревет, а пак да не сте способни утрото да станете од кревет. Така најчесто се доживува овој синдром.rnrnШто ја предизвикува истоштеноста сè уште е мистерија иако некои пациенти изјавиле дека почнале да добиваат симптоми после вирусна инфекција. Некои експерти веруваат дека тоа е предизвикано од комбинација на повеќе фактори, вклучувајќи и претерано реактивен имунолошки систем и хормонални абнормалности – но не се пронајдени точни поврзаности.rn
Дали се чувствувате уморно со месеци?
rnОдвреме-навреме повеќето луѓе доживеале момент кога почнале да се прашуваат „зошто се чувствувам постојано уморен“? Синдромот на хроничен замор доаѓа откако некој страда од огромна изнемоштеност повеќе од 6 месеци. Околу една четвртина од популацијата чувствува умор барем еднаш, но околу 5% од тие луѓе се чувствуваат така подолго од 6 месеци.rn
Дали која било активност ве поразува?
rnНа оние што патат од овој синдром, дури и мала физичка активност или емоционален стрес им прави да се чувствуваат „папсано“. Пациентите и претерано чувствителните луѓе на чести дневни активности (како што е комуницирањето на работа или во посериозни случаи дури и качување по скали) мора да се одмараат неколку денови за да закрепнат. Со овој синдром сигурно не можете често да посетувате теретана.rn
Дали чувствувате постојана болка?
rnПациентите со синдромот на хроничен умор не се соочуваат само со замореност туку и со симптоми на мигрени, слабост во мускулите, болки во глуждовите, проблеми со грлото… Докторите не се сигурни што ги предизвикува овие болки, но постојат доволни истражувања кои сугерираат дека хроничното воспаление во телото е поврзано со синдромот што ја објаснува болката. Доколку сте биле дијагностицирани со фибромиалгија или ревматоиден артритис, но вашето лекување не ви помага, вреди да разговарате со вашиот доктор.rn
Дали вашиот мозок е како заглавен во „потиштеност“?
rnПовеќе од 90% од пациентите се жалат на когнитивни пречки како послабо размислување, проблеми со разбирањето кога читаат, неусогласена меморија или како да се заглавени во некоја магла. Депресијата е исто честа. Истражувањата покажувале дека синдромот на хроничен умор може да се поврзе со прекини во мозочното процесирање на мрежни информации што ги објаснува когнитивните пречки.rnrnДоколку не можете да запомните каде ги оставате вашите клучеви, нема потреба од грижа, но доколку имате потешкотии при составување реченици и се соочувате со депресија, посетете доктор.rnrnПрочитајте и зошто се чувствувате уморно во текот на пролетта.rn
Автор: Наталија Наумовска