КАФЕ ПАУЗА

Зошто се чувствувате уморно во текот на пролетта?

Зошто се чувствувате уморно во текот на пролетта?

Written by

in

,

Доаѓањето на пролетта и топлите денови ни носи повеќе сонце и можности за уживање во активности на отворено. Но некои луѓе, и покрај завршувањето на зимската летаргија и зголеменото количество светлина, сепак се чувствуваат уморно, па дури и депресивно.rnrnЗошто се чувствувате уморно во текот на пролетта?rnrnВо текот на зимата, организмот лачи повеќе мелатонин, хормон за спиење. Во пролетта, организмот мора да се прилагоди на честата изложеност на светлина, па почнува да лачи повеќе серотонин. Некои луѓе потешко се прилагодуваат, па токму поради овие промени можат да почувствуваат симптоми како замор, нервоза, вртоглавица, главоболка, па дури и депресија.rnrnСимптомите можат да траат до три недели, односно додека телото не се прилагоди на новиот ритам. За полесно да го пребродите овој период, можете да следите неколку едноставни совети:rn

    rn 011

  • Обидете се да минувате што повеќе време на отворено
  • rn 011

  • Редовно вежбајте
  • rn 011

  • Пијте доволно вода и други течности
  • rn 011

  • Јадете свежи овошје и зеленчук
  • rn

rnКога станува збор за исхраната, доколку не внесувате доволно свеж лиснат зеленчук, јаткасти плодови и семиња, може да дојде до недостаток од магнезиум. Со готвењето се губат многу минерали од зеленчукот, вклучувајќи го и магнезиумот. Овој минерал помага при нормално функционирање на нервниот систем, а неговиот недостаток предизвикува намалена концентрација и психички промени како страв, тешкотии и раздразливост.rnrnНедостатокот од магнезиум е особено нагласен кај луѓе изложени на стрес, кај исхрана богата со јаглехидрати, кај луѓе со дијабетес, астма и кардиоваскуларни проблеми, како и кај деца, спортисти и бремени жени. Доколку земате додатоци во исхраната со магнезиум, најдобро е да ги консумирате пред спиење. На овој начин ќе ги опуштите мускулите и ќе спиете подобро, со што ќе му овозможите регенерација на целиот организам.rnrnПогледнете кои се природните додатоци во исхраната што ќе ви помогнат да се справите со хроничниот замор.