5 важни реченици што секоја изневерена жена треба да ги запомни

Сподели

Неверството е една од најлошите нешта што можат да се случат во врската или во бракот, и најчесто означува крај на љубовта. Секако, постојат и луѓе што решаваат да дадат втора шанса и да се обидат да ја спасат врската. Па, ако сте една од оние девојки што почувствувале неверство на своја кожа, тогаш имајте ги на ум следниве 5 реченици…

Реклама

rn

1. Не се споредувајте со другата жена

rnЗошто воопшто би сакале да се спуштите на нивото на љубовницата? Воопшто не ни помислувајте на неа, останете достоинствени и или обидете се да ги решите проблемите во врската, или едноставно ставете крај и продолжете понатаму.rn

2. Не се обидувајте да најдете копија од него

rnВе изневерил и ве повредил… зошто би сакале во иднина да имате слична личност покрај себе? За нештата да бидат различни, мора да најдете некој што е сосема различен – некој што ќе ве цени и ќе ве почитува, некој што ќе ве гледа како едноставно незаменливи.rn

3. Не е ваша вина

rnАко тој одлучи да ве изневери, наместо да разговара за тоа што му недостига во врската – тоа не е ваша вина! Немојте да се обидувате да барате оправдување за неговото однесување во вашето однесување. Сите проблеми треба да се разговараат, и да се обидат да се решат, а ако не оди, едноставно да се стави крај на врската и да се почне одново со нова личност – легитимно.rn

4. Ќе бидете среќни и заљубени пак

rnНе враќајте се во минатото и не жалете за времето што сте го потрошиле, туку бидете благодарни за сè што сте научиле и откриле за себе во текот на тој период. Ако некој губи, тоа е неверникот! А вас, верувајте, брзо ќе ви се отворат нови врати на љубовно поле.rn

5. Постојат луѓе што ве обожаваат

rnИ сигурни сме дека секој од нив ќе се потруди да ви ги олесни овие тешки денови, а ваша задача ќе биде да го дозволите тоа. Сосема во ред е да имате потреба од помош и да бидете ранливи – токму тоа ќе ви помогне побрзо да го надминете овој тежок период.

Прочитајте ги и овие 7 вистини за неверството кои луѓето ги откриваат на потешкиот начин.

Најново

Може ќе ве интересира