Можеби мислите дека на оваа возраст вашите деца не се доволно спремни за сериозни разговори. Но, ова е совршено време за дискутирање на овие важни теми.rnrn
rn
1. Разговор за пари
rnДо 10-тиот роденден децата стануваат свесни за вредноста на парите. Знаат дека парите можат да им дадат многу, но уште не знаат за финансиска одговорност. Со оглед на тоа дека не можат самите да заработуваат, експертите советуваат преку нивниот џепарлак да им објасните што значи одговорно однесување со парите. Објаснете им што значи да штедат и што ќе се случи ако веднаш ги потрошат сите пари.rn
2. Разговор за притисок и малтретирање од страна на врсниците
rnШтом тргнат на училиште, децата се соочени со притисок од околината во која се наоѓаат. Неретко уште во прво или второ одделение некои деца се издвојуваат како посилни и се обидуваат да доминираат. Притисокот често може да премине во малтретирање и насилство. Децата добро кријат кога некој ги малтретира, па затоа е важно редовно да разговарате за ова. Поттикнете го детето да биде искрено бидејќи само така можете да му помогнете.rn
3. Разговор за самопочит
rnЧувството на самопочит треба да се стекне, а потоа да се научи како да се задржи. Притисокот од околината често им предизвикува стрес на децата. Ако не ги постигнат задоволителните резултати, често се чувствуваат лошо бидејќи мислат дека не се доволно добри. Вашето дете мора да знае дека вложениот труд е поважен од резултатите. На овој начин неуспесите нема да влијаат на неговата самопочит.rn
4. Разговор за дрога
rnБез разлика каде живеете, дрогата е реална опасност за вашето дете. Можеби мислите дека тоа нема како да допре или да дознае нешто за дрогата, но секогаш има начин. Морате да му објасните дека само еден обид за експериментирање може да има сериозни последици. Не избегнувајте да разговарате и за најтрагичната последица – смртта.rn
5. Разговор за секс
rnДенес децата постојано се изложени на Интернет и телевизија, што се неисцрпни извори на информации. Поради ова созреваат брзо и имаат многу прашања. Темата која не би требало да биде забранета е сексот. Голема е веројатноста дека вашето дете веќе знае многу работи, но важно е да разговара со некој за да има реална слика за одговорниот сексуален живот. Многу родители мислат дека ова само ќе го натера детето прерано да се впушти во односи, но со отворениот разговор може да се спречи тоа.rnrnПогледнете и како да ја поттикнете емоционалната интелигенција кај вашите деца.
