КАФЕ ПАУЗА

5 тајни за подолг живот

5 тајни за подолг живот

Written by

in

,

Здравиот и долг живот е нешто кон кое сите целиме, но сепак ретко кој успева да се држи кон определени правила. Понекогаш и најобчино и неважно нешто може да се покаже како одличен стимулатор на човечкото здравје. Ова се неколку интересни работи кои се добиени од разни истражувања направени од врни експерти низ светот.rnrn5 тајни за подолг животrn

Важно е да бидете активни на кој било начин

rnПокрај придобивките за здравјето кои се добиваат од редовното вежбање, една обична прошетка со вашиот партнер или пријател може да биде одличен начин да си направите муабет, да си ги раскажете проблемите или да споделите некое искуство. Истражувањата покажуваат дека доколку не можете да испешачите барем пола километар во 5 минути, тогаш имате сериозни проблеми со вашето здравје.rn

Намалете со месото

rnЕдно 10-годишно истражување направено на пола милион американски жители открило дека оние лица кои јаделе по барем 150 грама свинско или телешко месо дневно, имаат за околу 30% поголеми шанси побрзо да го завршат животот за разлика од оние кои внесуваат многу помала количина месо на дневно ниво.rn

Секогаш очекувај го најдоброто

rnЕдно истражување спроведено од „Women’s Health Initiative“ направено на повеќе од 100.000 жени покажало дека оние кои биле пооптимистични имале за 14% поголеми шанси за подолг живот од оние кои гледале песимистично на нештата и приликите во животот.rn

Грижете се за вашите љубени

rnУниверзитетот во Мичиген направил истражување кое покажало дека кога сопружниците се грижат еден за друг, и покрај сите нервози, ги зголемуваат шансите за подолг живот за околу 36%.rn

Внимавајте на витаминот Д

rnНиското ниво на витамин Д во организмот се поврзува со остеопороза, дијабетес, хипертензија и со рак. Според најновите истражувања, возрасните кои не добиваат доволно од сончевиот витамин ги зголемуваат шансите за 26% порано да го завршат животот. Се препорачува да се излегува на Сонце барем 10-15 минути во периодот од 11 до 15 часот, неколку пати неделно.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.