КАФЕ ПАУЗА

5 совети за помалку болна интимна депилација

5 совети за помалку болна интимна депилација

Редовно посетувате одреден козметички салон, многу сте задоволни од вашата козметичарка, но таа сепак, веројатно не ги споделила овие супер тајни со вас.rnrn5 совети за помалку болна интимна депилацијаrn

1. Земете 2 аспирина 45 минути пред депилацијата

rnОва не само што ќе ја намали болката, туку и ќе делува анти-воспалително.rn

2. Не закажувајте интимна депилација непосредно пред месечниот циклус

rnКожата е многу почувствителна за време на циклусот. Затоа, гледајте да закажувате барем 3 дена пред да почнете да крварите.rn

3. Не вежбајте и не носете тесна облека непосредно по депилацијата

rnТаман се издепилиравте ко од мајка родени и веќе следниот ден ве разочараа непријатните мозолчиња во зоната на препоните. Избегнувајте вежбање 48 часа по восочната депилација, бидејќи овие ефекти се појавуваат како резултат на потењето, бактериите и протривањето на разнежнетата кожа од облеката. Дополнително, избегнувајте да носите тесна облека за да го спречите растењето на поткожни влакна.5 совети за помалку болна интимна депилацијаrn

4. Нишанете внимателно во тоалетот

rnПред депилацијата, имавте одбранбена армија која ги пречекуваше бактериите кои се карактеристични за влажните места, особено за тоалетите. Но, сега, треба да бидете екстра внимателни при мокрењето. Протокот може да ви биде малку неконтролиран, па затоа наведнувајте се повеќе кога ќе ги користите јавните тоалети.rn

5. Закажувајте помеѓу 15 и 17 часот

rnВо овој период од денот прагот на толеранција на болката е највисок. Ако во 10 часот би цвилеле непрекинато, во овој дел од денот, само малку ќе потскокнете од болка.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.